Младинците на РК Охрид започнаа со тренинзи

Младинците на РК Охрид започнаа со подготовки за претстојната сезона. „Оваа година има повеќе измени во составот на младинскиот тим. Тренираме напорно и очекуваме успешна сезона“. – изјави за WebOhrid, капитенот Дарко Левески. По напорниот тренинг, младинците заеднички се освежија во градскиот базен „Атина Бојаџи“. Натпреварите од младинската лига започнуваат за нешто повеќе од еден месец, а до тогаш во план се неколку пријателски натпревари за проверка на она што е сработено до сега. WebOhrid

повеќе...

Младинките со реми против Русија ја завршија првата фаза од ЕП во Шпанија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ја заврши првата фаза од Европското Првенство на третото место по синоќешните 26-26 против еден од најголемите фаворити за освојување на шампионатот – селекцијата на Русија. Русинките одржуваа благо водство во текот на целата средба, но борбената игра во одбрана, заедно со ефикасниот напад предводен од Ристовска, Тодоровска и Керамичиева, ја одржуваа нашата селекција постојано на достижна негатива. Пред крајот на првото полувреме, Македонија изедначи на 15-15, за сепак со гол во последниот напад Русинките да заминат на пауза со минимална предност. Во…

повеќе...

Пораз за младинките на Македонија од Германија на ракометното ЕП во Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години синоќа претрпе пораз од Германија од 31-21 во вториот меч од Европското Првенство кое се игра во Шпанија. По цврста и изедначена борба во текот на првото полувреме, Германија успеа на полувреме да замине со резултат 12:11. Во второто полувреме Германија беше далеку подобар противник, покажа одлична игра и сосема заслужено направи недостижна разлика за конечен резултат од 31:21. Следниот натпревар ќе се игра утре во 21:00 часот, каде младинките на Македонија ќе играат против младинките на Русија. WebOhrid

повеќе...

Победа за младинките на Македонија на отворањето на ракометното ЕП во Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години оствари значајна победа против Литванија од 31-27 на отворањето на Европското Првенство во Валенсија. Со водство во текот на целата средба и предводени од Нолевска и Ристовска кои искомбинираа 15 голови, избраничките на Симе Симовски заслужено стигнаа до триумфот кој ги приближува до пласман во наредната фаза. Почетокот на натпреварот донесе изедначен ракомет, за сепак Македонија со подобра игра во нападот и неколку успешни обиди од 9 метри да го превземе водството и на пауза за полувреме да замине со предност од…

повеќе...

Претседателот на РФМ им посака среќа на младинките на ЕП Шпанија 2015

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес одржа средба со женската младинска репрезентација и стручниот штаб, непосредно пред заминувањето на претстојното ЕП во Шпанија 2015 за девојки до 19 години. На средбата која се одржа во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје, Мукаетов им посака среќа на младите ракометарки, потенцирајќи дека и самиот пласман на ЕП е огромен успех, особено имајќи предвид дека ова е прво пласирање на младинската женска репрезентација преку квалификации на ЕП во таа категорија. Директорот на женските репрезентации, Емил Угриновски и селекторот на женската младинска…

повеќе...

Исплатена премија од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласманот на ЕП Полска 2016

Ракометната Федерација на Македонија денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на ЕП Полска 2016. Македонија обезбеди „виза“ за Полска со две победи над националната селекција на Швајцарија и една над Чешка во рамки на квалификацискиот циклус. Ова е четврти обезбеден пласман на македонските машки сениори на големите континентални натпреварувања. На ЕП Полска 2016, Македонија ќе се натпреварува во групата А, против актуелниот светски шампион Франција, домаќинот Полска и против Србија.

повеќе...

Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа

Со одржувањето на 43-от меѓународен турнир во ракомет „Струга 2015”, во периодот од 12 до 15 август оваа година, градот Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа, а со тоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на денешната прес конференција и дополни дека АМС продолжува финансиски да ги поддржува ваквите манифестации. Агенцијата за млади годинава од својот буџет одвои 500.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на овој турнир,…

повеќе...

Ракометен ден на плоштадот во Охрид во рамките на академијата „Андреа Лекиќ“

Ракометната академија „Андреа Лекиќ“, денеска на Градскиот плоштад организираше ракометен ден. Во рамки на настанот на кој присуствуваше и ракометарката на ЖРК „Вардар“, Андреа Лекиќ беа презентирани различни техники и игри, а на посетителите им беше овозможено и дружење со неа. Во изјава за медиумите, Андреа Лекиќ изрази задоволство од гостопримството на Охрид и охриѓани, како и безрезервната поддршка која општина Охрид и ја пружи во организацијата на овој настан. „Сакам да ве поздравам и да Ви се заблагодарам што со своето присуство ја поддржувате оваа манифестација. Ми претставува огромна…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери

На 14 и 15 Август во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери како еден од задолжителните за тренерска лиценца за натпреварувачка сезона 2015/16. Семинар за ракометни тренери Струга 2015

повеќе...

Започна ракометниот камп на Андреа Лекиќ

Од 20 – 26 јуни во Охрид, во Спортската Арена „Билјанини Извори“ се одржува ракометен камп во организација на Академија Лекич. Најдобрата светска ракометарка за 2013 година Андреа Лекиќ која е оснивач на Академијата Лекиќ има на располагање околу 100 ракометарки од помладите категории од 10 држави од Европа. Тренинзите на кампот се одржуваат од 9 – 13 часот предпладне и од 17 – 20 часот попладне.

повеќе...