Работна средба на РК Охрид 2013 со градоначалникот и бизнис заедницата

Управниот Одбор на Ракометниот Клуб Охрид 2013 одржа работен состанок со охридските компании кои во минатата сезона финансиски го поддржаа овој клуб. На состанокот присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески. Претседателот на Управниот Одбор на РК Охрид 2013, Димитар Спасески пред присутните поднесе детален извештај за работата на клубот како од организациски така и од финансиски аспект. „Отчетноста   е наша главна одлика и денес чувствуваме потреба поднесувајќи го овој детален извештај  да ги оправдаме финансиските средства кои што ни ги ставивте на располагање. РК Охрид 2013 во организациски аспект постана…

повеќе...

Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија. Во финалето кое се играше во Охрид, ракометарите на Вардар го победија Металург со 30:28 (14:11). Ова е деветта освоена Куп титула за Вардар во неговата клупска историја, пред екипите на Металург и Пелистер, кои што имаат по пет. За најтрофејниот македонски ракометен клуб ова е втора титула сезонава, откако претходно беше освоен трофејот и во СЕХА лигата. Првото полувреме започна со два гола на Металург за водство од 2:0. Вардар возврати со два погодоци, по што следувaа два брзи гола на Металург.…

повеќе...

РК Металург – РК Вардар финале на ракометниот КУП на Македонија

Во денешните полуфинални натпревари екипите на РК Металург и РК Вардар со рутинска игра ги победија екипите на Тинекс Пролет и Зомимак и се пласираа во големото финале кое ќе се изигра утре, 18 мај ( недела ) со почеток од 17 и 45 минути.

повеќе...

Финишираат подготовките пред Финалниот КУП турнир на Македонија во ракомет

Претстојниот викенд во Охрид, во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи финалниот КУП турнир на Македонија во ракомет. Полуфиналните натпревари се играат во сабота, 17 мај со почеток од 15 часот и 17:45 , додека големото финале ќе се одржи во недела, 18 мај со почеток од 17 : 45 минути.

повеќе...

Во Велгошти се одиграа финалните натпревари во ракомет на „Гимназијада 2014“

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти во рамките на „Гимназијада 2014“ се одиграа финалните натпревари во ракомет. Во женска конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победувајќи го „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 17-13. Третото место го освои „Гоце Делчев“ од Куманово победувајќи со 15-14 против „Мирко Милески“ од Кичево. Во машка конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ победувајќи со 27-15 против „Цар Самоил“ од Ресен. Третото место го освои „Никола Карев“ од Скопје победувајќи го „Коста Сусинов“ од…

повеќе...

Втор ден од „Гимназијадата“ во Велгошти

Денес во рамките на „Гимназијадата“ во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти се играа натпреварите во ракомет. Во женска конкуренција „Гоце Делчев“ од Куманово победи со 19-18 против „Мирко Милески“ од Кичево. Во вториот натпревар, „Св.Климент Охридски“ од Охрид изгуби од „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје со 8-21. Во третиор натпревар „Славчо Стојменски“ од Штип и „Мирко Милески“ од Кичево одиграа 16-16. Во машка конкуренција „Кочо Рацин“ од Св.Николе изгуби од „Коста Сусинов“ од Радовиш со 18-25. „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Цар Самоил“ од Ресен со 19-15.…

повеќе...

Ракометната ѕвезда Наумче Мојсоски на „Гимназијада“ во Велгошти

Најголемата спортска ракометна ѕвезда и амбасадорот на спортските игри кои се одржуваат во нашиот град, Наумче Мојскоски денес ги посети гимназијалците во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти каде се играат ракометните натпревари. Мојсоски на своите обожаватели им делеше автограми и сликаше со нив. WebOhrid

повеќе...

Започна „Гимназијадата“ – ракомет се играше во Велгошти

Со натпреварите во фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка од денес започна најавуваната спортска манифестација „Гимназијада“. Ракомет се играше во салата „Тодор Александров“ во Велгошти. Во првиот натпревар во женска конкуренција, „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје го победи „Св.Климент Охридски“ од Охрид со резултат 21-6. Во вториот натпревар „Славчо Стојменски“ од Штип изгуби со 13-18 од „Гоце Делчев“ од Куманово. И во третиот натпревар, „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 18-9. Во машка конкуренција, „Никола Карев“ од Скопје победи против…

повеќе...

Македонија ја потпиша РИНК конвенцијата и СМАРТ програмата на ЕХФ

Македонија влезе во СМАРТ програмата на ЕХФ, и ја потпиша РИНК конвенцијата, што значи дека во следните три години ќе добие помош од 45.000 евра за развој на училишниот спорт, и во иднина тренерите што ќе бидат лиценцирани од страна од страна на РФМ ќе можат да добијат работа во било која земја потписничка на овој договор. Договорот меѓу РФМ и ЕХФ беше потпишан на фајналфор-турнирот во Будимпешта, со што нашата земја ќе стане полноправна членка на Ринк конвенцијата, а тоа пак значи дека тренери од нашата земја ќе можат…

повеќе...

Пречек на ракометарките на ЖРК Вардар на аеродромот „Александар Велики“

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески ги пречека ракометарките на ЖРК Вардар и им го честиташе освоеното 3-то место во Лигата на шампионите. Директорот Спасески исто така се заблагодари и на стручниот штаб предводен од Индира Кастратовиќ, кој е најзаслужен за големиот успех, со кој го испишаа името на Вардар во ракометната историја на Европа. Девојките се заблагодарија за пречекот и истакнаа дека догодина очекуваат пласман во финалето и освојување на златна медалја.

повеќе...