Металург му се одмазди на Вардар

Македонскиот вицешампион Металург го победи шампионот Вардар со 26:18 и успеа да му се одмазди за поразот пред 10 дена во рамките на Лигата на шампиони. На Националната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, овој дуел го добија „гостите“, ракометарите на Металург. И покрај тоа што на полувреме Вардар водеше со 12:10, со почетокот на второто полувреме Металург покажа дека е посериозен противник на овој натпревар, со серија од добри напади кои резултираа со дури 16 погодоци, а само 6 примени голови. Металург успеа да го добие натпреварот со висока предност од 26:18.…

повеќе...

Металург им се извини на своите навивачи за поразот од Вардар

Металург ја загуби средбата од петтото коло во Лигата на шампионите против екипата на Вардар и се стави во многу непријатна ситуација, бидејки потребните бодови ќе мора да ги бара на гостувањата кај екипите на Вардар или на Динамо Минск. По синоќешниот дуел, Ракометниот клуб Металург реши да им се извини на своите навивачи: „Почитувани наши навивачи, пријатели на клубот, љубители на ракометот и на спортот. Поаѓајќи од фактот што на синоќешниот натпревар помеѓу Металург и Вардар бевме домаќини, чувствуваме одговорност и обврска да ви се извиниме поради некоректното однесување…

повеќе...

Металург 26:16 Пик Сегед

Ракометарите на Металург успеаа со 26:16 да го победат Пик Сегед во првиот натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони. Првото полувреме беше неизвесно, нашите ракометари водеа цело време, а на полувреме имаа само 2 голови предност 13:11. Во второто полувреме нашите покажаа блескава игра и во нападот и во одбраната, па предноста ја зголемија на 10 голови разлика. Со оваа победа од 26:16 ракометарите на Металург обезбедија голема предност пред повратниот дуел против Пик Сегед. WebOhrid

повеќе...

Охрид ќе добие ракометен суперлигаш

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со претставници на ракометниот клуб „Охрид 2011“ и со познати бизнисмени од Охрид. На состанокот се разгледуваше можноста Охрид да добие ракометна екипа која ќе се натпреварува во елитната Супер лига. Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната самоуптрава е подготвена да го преземе најголемиот дел обрските во клубот. Во текот на денот, од Централниот регистар ќе се побараат упатства за трансформација на клубот во акционерско друштво со што би се остварил првиот услов за учество во најсилната лига. Познати бизнисмени од Охрид, кои присуствуваа на…

повеќе...

Се зголемуваат шансите Охрид да добие ракометен суперлигаш

Градоначалникот Бакрачески денес одржа состанок со претставниците на Ракометниот клуб “Охрид 2011“ и охридските бизнисмени, на кој се разговараше за можноста охридските ракометари во новата сезона да се натпреваруваат во најјаката – Супер лига на Македонија. По разгледувањето на прелиминарната финансиска конструкција подготвена од претседателот на клубот, Атанас Поп Стефанија, градоначалникот Бакрачески изрази подготвеност локалната самоуправа да преземе најголем дел од обврските кон клубот, кој согласно законските прописи треба да се трансформира во акционерско друштво.  На состанокот повеќе бизнисмени изразија подготвеност да учестуваат во финансирањето и управувањето со клубот, со…

повеќе...

„Лице в лице“ со потписи на ракометарите на „Металург“

Браќата Мојсоски, Дарко Станиќ, Филип Миркуловски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Ванчо Димоски и останатите спортисти, членови на ракометниот клуб „Металург“ ги ставија своите потписи и откупија дел од последните примероци од актуелниот, петти број на активистичкото списание „Лице в лице“. Магазините со потписи од ракометарите ќе бидат поделени на вечерашниот натпревар во рамки на 41. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“. Ракометарите ги потпишаа и преостанатите примероци од петтиот број, кои струшките продавачи на магазинот, Илче, Јасмина, Игор и Петрит ќе ги понудат на граѓаните за време на 41. Меѓународен ракометен…

повеќе...

Традиционален меѓународен турнир во ракомет „Струга 2013“

Од 14 до 17 август во Струга ќе се одржи традиционалниот турнир „Струга 2013“. Ова ќе биде 41-во издание на оваа ракометна манифестација. Турнирот ќе се одржи на „Женска плажа“, а ќе се натпреваруваат екипите на: шампионот на Македонија Вардар, ланскиот победник на турнирот Металург, потоа француските екипи Иври и Версај, романскиот првак Констанца (тренер е Звонко Шундовски и игра репрезентативецот Бранислав Ангеловски) и белоруската екипа Мешков Брест. Екипите ќе бидат поделени во две групи по три. Учеството го откажа повеќекратниот руски шампион Чеховски Медведи, а организаторот Струга ќе настапува…

повеќе...

Утре ќе се одржи турнир во ракомет за пионери

Ве известуваме дека на ден 30.06.2013 година (недела ) со почеток во 10:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид ќе се одржи турнир во ракомет за пионери. Настанот е во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Ракометниот Клуб „Охрид 2011“. На турнирот учество ќе земат екипи од целиот западен регион. Ј.П. „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на ракометот и спортот да го посетат овој настан.

повеќе...

Утре ќе се одржи турнир во ракомет за жени – генерација 2000/2001

Во организација на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид и ракометната школа Моби Дик Охрид, утре (недела) во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи турнир во ракомет за жени генерација 2000/2001. На натпреварот ќе учестуваат 8 ракометни екипи составени од ракометните школи на Моби Дик и Кичево заедно со женскиот ракометен клуб Металург од Скопје. Натпреварите ќе започнат во 10:00 часот и ќе траат до 17:00 часот. За првопласираните три екипи организаторите обезбедија пехари. Ј.П. Билјанини Извори ги поканува сите љубители на ракометот да присуствуваат на овој настан за почеток…

повеќе...

Киелце 26:15 Металург

По поразот од екипата на Киелце, Металург ја заврши тековната сезона во европските натпреварувања, сезона која ќе ја паметиме како најдобра во нашата историја, во која Металург се вброи меѓу осумте најдобри ракометни колективи во Европа. Постигнавме огромен успех, кој не може да ни го земе никој, постигнавме резултати кои не ги поништува ниту високиот пораз. Нашите ракометари се вистински спортски херои, кои го прославија името на нашиот клуб и на нашата земја. Случувањата во Киелце не се вистинскиот одраз на силите на двата тима. Нашите ракометари имаа огромна желба…

повеќе...