Македонската ракометна репрезентација одигра мошне цврст и изедначен натпревар против репрезентацијата на Србија. Овој меч беше одлучувачки за обете репрезентации за понатамошното учество на Европското првенство. Натпреварот беше неизвесен уште од самиот почеток. И покрај предноста за Македонија од 2 голови непосредно пред полувремето, Србија успеа да изедначи и на полувреме да замине со нерешен резултат 13-13. И во второто полувреме продолжи рамноправната и цврста битка. И Србија и Македонија доаѓаа во водство со по еден гол разлика, а Србија го имаше водството и шансата да победи во финишот на натпреварот,…
повеќе...Tag: ракомет
Македонија 23-24 Полска
Македонија забележа уште еден пораз на Европското првенство во ракомет, овој пат од домаќинот Полска со резултат 23-24. Овој натпревар започна добро за нашата репрезентација која за момент водеше со 6-2, но следуваше намалување на резултатот за на полувреме да се замине со резултат 13-11 за Македонија. Во второто полувреме Полска успеа да изедначи на 15-15, и да направи пресврт при следниот напад. Македонија изедначи на 16-16, и повторно успеа да дојде во водство, но само за кратко. Полска изедначи на 17-17, поведе, а потоа и ние изедначувавме на 18-18.…
повеќе...Франција 30-23 Македонија
Македонија со пораз го започна Европското првенство во ракомет, кое се игра во Полска. Македонската репрезентација одлично го започна натпреварот, со водство и гол-гол игра, но и со многу пресврти, за на крајот на полувреме резултатот да биде изедначен 12-12. Второто полувреме Франција го започна офанзивно, а нашата репрезентација даваше отпор и во неколку наврати успеваше да го изедначи резултатот. Но, пред самиот крај следуваше серија од три гола по ред за Франција, предност која веќе нашата репрезентација не можеше да ја анулира. До крајот Франција го зголеми водството и успеа…
повеќе...Иванов ги посети македонските ракометари пред ЕП во Полска
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во салата „Јане Сандански”, ја посети Македонската машка ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во ракомет, што од 15 до 31 јануари 2016 ќе се одржи во Полска. Претседателот Иванов на македонските репрезентативци им посака многу успех и спортска среќа, како и достојно претставување на нашата држава за време ракометното првенство. Тој им порача дека цела Македонија како и секогаш, сплотено ќе навива и со нетрпение ќе ги очекува натпреварите на нашата репрезентација. Во знак на континуирана поддршка, македонскиот претседател…
повеќе...Македонија подобра од Црна Гора и во втората пријателска во Скопје
Македонската сениорска машка репрезентација победи и на втората пријателска против Црна Гора. На денешната средба во СРЦ „Кале“ која беше од затворен карактер, нашите ракометари водеа во текот на целата средба и заслужено славеа со 29-26. Натпреварот во кој македонскиот селектор Ивица Обрван често ротираше со составот, имаше изедначена прва половина на првото полувреме. Нашиот состав предводен од Манасков, Прибак и Филип Лазаров, поведе со 3-1, но Црна Гора се врати и на средина од полувремето изедначи на 6-6. Сепак, следуваа три гола во низа на Македонија постигнати од Митков,…
повеќе...Македонија сигурна против Црна Гора
Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“, оствари сигурна победа против Црна Гора од 35-28. Во натпреварот кој претставуваше своевидно испраќање од страна на навивачите за Европското во Полска, нашиот состав одигра стабилно во текот на сите 60 минути и апсолутно ја заслужи победата. Утре Македонија и Црна Гора ќе одиграат уште една пријателска средба, која ќе биде од затворен карактер. Натпреварот имаше генерално изедначен почеток. Македонија со двата реализирани седмерци на Лазаров прва поведе со 2-0, но Црногорците предводени од Грбовиќ ја анулираа…
повеќе...Уште едно реми на Македонија против Словенија
Машката репрезентација на Македонија одигра нерешено и во вториот тест-дуел на гостински терен кај Словенија. Во нова максимално изедначена, неизвесна и квалитетна средба, нашата репрезентација имаше и предност од 3 гола во завршницата, која сепак Словенците ја анулираа за нов нерешен исход. На денешниот натпревар во Целје нашата репрезентација играше одличен почеток, а по 13 минути имаше и највисока предност од 3 гола (8-5). Следуваше брза серија на Словенците од 3-0 за анулирање на негативата, а по неколкуте реализации на двете страни во завршницата од полувремето, на пауза се замина…
повеќе...Македонија одигра нерешено во првата пријателска со Словенија
Македонската машка ракометна репрезентација одигра максимално изедначен и до крај неизвесен натпревар на гостински терен кај Словенија. Реализацијата на ударот од 7 метри на 10 секунди до крајот од средбата, донесе изедначени 28-28. По почетното водство на Словенија, Македонија со добра игра во одбрана и без примен гол 8 минути, стигна до предност од 2-1. Сепак, веднаш потоа следуваше серија од 3-0 на домаќинот, а во 21 минута од натпреварот Словенија стигна и до највисоките 4 гола разлика (8-4). Се играше генерално гол за гол и доста ефикасно до крајот…
повеќе...Ракометарите го одработија првиот тренинг во Словенија
Машката сениорска репрезентација на Македонија, од синоќа е во Словенија каде утринава го одработи првиот тренинг пред двете контролни средби против домаќинот што ќе се играат денеска и утре. Избраниците на селекторот Ивица Обрван денеска тренираа во салата во Кршко, каде вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат првиот натпревар против Словенија. Утре, нашите репрезентативци ќе играат од 18:30 часот во Целје, натпревар од кој ќе се емитува пренос на локалните телевизии. Покрај натпреварите против Словенија, Македонија во склоп на подготовките за ЕП ќе одигра уште две пријателски средби против…
повеќе...Ракометната репрезентација патува во Словенија
Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, попладнево патува за Словенија каде со две тест-средби против домаќинот ќе ги продолжи подготовките за Европското Првенство што почнува на 15 јануари. Селекторот Ивица Обрван за Словенија повика 21 ракометар, а за пријателските средби во тимот нема да бидат Златко Даскалоски и Мартин Велковски. По враќањето во Скопје, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзи, а ќе следуваат и уште два натпревари против Црна Гора (10 и 11 јануари), по што селекторот ќе го соопшти и конечниот список за ЕП во Полска. Нашата репрезентација во Словенија…
повеќе...