Денес е празник посветен на Светите маченици Козма и Дамјан. Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим…
повеќе...Tag: религија
Собор на Светите славни и сефални апостоли (Павловден)
Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на…
повеќе...Светите апостоли Петар и Павле (Петровден)
Денес е празник посветен на Светите апостоли Петар и Павле (Петровден). Светиот апостол Петар, син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него,…
повеќе...Утрена богослужба со света литургија и причест во црквата Св.Никола за Петровден
По повод празникот посветен на Светите апостоли Петар и Павле (Петровден), утре, во црквата Св.Никола, Долна Влашка Маала ќе се отслужи Утрена богослужба со Света Литургија и причест. Богослужбата ќе биде со почеток во 7:00 часот. Од Црквата ги повикуваат сите верници на заедничко прославување на овие апостоли.
повеќе...Празникот Св.Недела ќе се одбележи во црквата посветена на оваа маченичка во Коњско
По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (среда), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава збогатена со музика. Овој пат присутните ќе ги забавува фолк пејачот Спасен Силјаноски. Забавата е со почеток во 21 часот. На 20ти јули (четврток) во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. Се повикуваат сите верници од Коњско, Охрид и околните места, па и пошироко на заедничко прославување на овој празник.…
повеќе...Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован
Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на Светите Кир и Јован. Патријархот веднаш…
повеќе...Вечерна богослужба и молебен на Пресвета Богородица во црквата Св.Никола
Утре, 11ти јули (вторник) во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала во 18:00 часот ќе се отслужи вечерна богослужба и молебен кон Пресвета Богородица, за смирување на тресенијата. „Повелете заедно да ја помолиме Пресветата Богородица за милост кон нас.“– повикуваат од Црквата.
повеќе...Свети Сампсон Странопримец и Света Јоана Мироносица
Свети Сампсон Странопримец Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош…
повеќе...Отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес во црквата Св.Никола
По повод серијата земјотреси кои го зафатија охридскиот регион, денес во црквата Св. Никола, Долна Влашка Маала беше отслужена утрена со канон и литургија за опасност од земјотрес. „Бог нека е милостив и нека ни ги услиши молитвите.“– велат од црквата.
повеќе...Празник на иконата Одигитрија и Преподобен Давид
Празник на иконата Одигитрија Оваа икона ја изработи на дрво самиот евангелист Лука. Кога ја виде, Пресвета Богородица ја благослови. Свети Лука му ја подари иконата на тој Теофил кому му ги пишуваше Делата Апостолски. Подоцна ја пренесоа од Антиохија во Ерусалим, а од Ерусалим ја зеде царицата Евдокија и ја испрати во Цариград до сестрата на царот, кај побожната Пулхерија на дар. Пулхерија ја положи во Влахернската црква, којашто самата ја имаше подигнато. Еднаш им се јави Пресвета Богородица на двајца слепци и ги доведе до црквата Влахерна пред…
повеќе...