На први април (петок) ќе се одржи трибина на СДСМ во Центарот за култура „Григор Прличев“ -Охрид со почеток во 19:30 часот. Гостин на трибината ќе биде заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
повеќе...Tag: сдсм
Дескоска: Новиот срамен чекор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието е нова потврда на криминалот
Пратеничката Рената Дескоска, денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со гласањето во Собранието по 2 точки од дневниот ред уште еднаш го покажа стравот од одговорност за сторените кривични дела од страна на врхушката на власта. Првиот пат со отфрлањето на нашиот предлог за дополна на Законот за помилување со кој требаше да се пополни правната празнина создадена со одлуката на Уставниот суд, а вториот пат со поддршка на предлогот за измена на Законот а кривична постапка поднесен во дует од страна на пратеници од…
повеќе...Заев: Големите предизвици се надминуваат со голема духовна сила и верба во вистината
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден. „Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име. Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите. Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во…
повеќе...Атанасов: Владата предводена од СДСМ ќе го укине екстерното во првите 100 дена
Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов беше помеѓу граѓаните на Македонски Брод со кои разговараше за секојдневните проблеми со коишто се соочуваат. Граѓаните искажаа незадоволство од власта во заминување. Сиромаштијата, невработеноста, лошиот животен стандард, иселувањето на младите и лошата инфратруктура се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. „Криминалната власт на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ си заминуваат на следните фер и демократски избори. За секое зло што го нанесоа последните 10 години, ќе одговараат. Слободата, правдата, еднаквоста ќе ги вратиме назад. Промените што…
повеќе...Спасовски: Поддршка од ЕУ за професионална полиција со европски вредности
Денес во центарот за обука е спроведена една показна вежба во рамките на проектот за развој на полицијата, веднаш после усвојувањето на стратегијата. „Проектот е финансиран од Европската унија и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Европската унија и на преставниците на ЕУ коишто вложуваат и заедно со нас ги прават сите напори за развој на полицијата во Република Македонија. Овој проект мора да продолжи заради тоа што сите професионални кадри во Министерството за внатрешни работи се длабоко свесни за важноста на ваквите проекти и развојот на полициското…
повеќе...Сугарески: Бараме измени на Законот за помилување, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ мора да одговараат
Координарот на пратеничката група на СДСМ Скопје,Горан Сугарески, во изјава за медиумите истакна: „Светот и Република Македонија се соочува со сериозни предизвици: глобален тероризам, неовластено прислушкување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување и сл. Република Македонија не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет. Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи,…
повеќе...Писмо на Заев: Да се преземат чекори по мислењето на Венецијанската комисија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати писма до претседателите на политичките партии-потписнички на Договорот од Пржино и до амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија. Во писмото, претседателот Заев наведува дека по донесувањето на Мислењето за Законот за приватност и Законот за пријавувачи од страна на Венецијанската комисија, потребно е да се преземат чекори за да се избегнат штетните недоследности во примената на Договорот од Пржино. Претседателот Заев повикува на решавање на неколку прашања пред Законот за приватност и Законот за пријавувачи да влезат во сила, како и пред датумот…
повеќе...Шекеринска: Нашата цел е просечната плата да изнесува над 29 илјади денари
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во изјава за медиумите истакна: „Во Пробиштип ја добиваме истата порака којашто ја слушаме низ цела Македонија. Тоа е дека граѓаните бараат промени. Граѓаните бараат подобар живот и граѓаните бараат решавање на проблемите, наместо страв, наместо поделби, наместо уцени и притисоци. Македонските граѓани не бараат преку леб погача. Бараат да се решат нивните суштински проблеми. Да се фокусираме на прашањата како што се локалната економија, нови работни места, работни места за младите. Меѓутоа работни места коишто ќе им обезбедат егзистенција, а не работни места…
повеќе...Дескоска: Паника во ВМРО-ДПМНЕ по Извештајот на СЈО
Пратеничката и членка на комисијата за политички систем на СДСМ, Ренета Десковска, во изјава за медиумите истакна: „Денешниот театар на ВМРО-ДПМНЕ е уште една потврда за стравот на Никола Груевски да се соочи со одговорноста за криминалите за кои слушнавме во Проектот Вистината за Македонија. Од моментот на формирање на Специјалното јавно обвинителство ВМРО-ДПМНЕ прави се работата на оваа нова независна институција да биде во целост опструирана и оневозможена, со цел да избега од одговорноста. Очигледно е дека најавата за први обвиненија содржана во Извештајот на Специјалното обвинителство создава паника во…
повеќе...Андреевски: Се увезува поскапа струја за неверојатни 41.7 проценти
Претседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски, денес во изјава за медиумите истакна: „Во земјава се увезува струја поскапа за неверојатни 41.7 проценти! Денеска сме овде да побараме од Регулаторната комисија за енергетика да излезе и да објасни зошто дозволуваат граѓаните да ја натплаќаат увезената струја? Со последната Одлука, Регулаторната комисија за енергетика утврдила дека ЕВН ќе ја набавува електрична енергија на слободниот пазар за 51.46 евра по мегават час! Но, последните податоци од берзите на електрична енергија во регионот: бугарската Берза , Берзата во Србија , унгарската Берза , хрватската Берза…
повеќе...