СДСМ: Укинување на екстерно и серија закони од СДСМ за граѓаните

Пратеникот и координатор на пратеничката група на опозицијата, Горан Сугарески,  денес одржа прес-конфернција на која истакна: „Граѓаните знаат дека на теренот во интензивни контакти со нив, изминатиот период, ги дефиниравме проблемите и потребите за коишто нема слух актуелната власт. Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери, за дел од решенијата што ги направивме во консултација со граѓаните, ќе побара уште веднаш да бидат усвоени. Се работи за важни законски решенија што во голема мера ќе влијаат на квалитетот на живот на граѓаните. Денеска предлагаме три закони, со коишто ке се укине…

повеќе...

Спасовски: Груевски ја призна сопствената вина, а нема кај да бега

Генералниот  секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Никола Груевски, со барањето да се издвојат доказите од прислушуваните материјали, ја призна сопствената вина за сите злодела што им ги направил на граѓаните на Република Македонија. Девет месеци Никола Груевски ја лажеше македонската јавност дека прислушуваните материјали коишто го покажаа неговиот криминал се сечени, лепени, креирани, монтирани. Вчера Никола Груевски ја потврди содржината на прислушуваните материјали и на доказите и документите објавени во проектот Вистината за Македонија. Се појави на површина најголемиот страв на Никола Груевски. Соочување со…

повеќе...

Заев: Во Парламентот сме да го обезбедиме спроведувањето на договорот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „На 28 мај лани од ова место порачав дека Никола Груевски мора да ја преземе одговорноста за спроведените криминални избори. Најавив Платформа за вонпарламентарно дејствување против режимската власт, со јасна цел, враќање на демократските институции и создавање услови за одржување слободни и фер избори. Соопштив дека предвремени парламентарни избори се можни оној момент кога ќе се обезбедат гаранции за минимум услови за слободно изразување волја на граѓаните, а СДСМ и опозицијата ќе бидат дел од гаранциите. Побарав реализација на…

повеќе...

Советничка група на СДСМ: Потребни се промени за реален, домаќински и долгорочен развој на Охрид

Советничката група на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, во чие име се обрати координаторот Проф. Д-р Јован Стојаноски. „Постојано истакнуваме дека власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакарачески за две и пол години неуспеа да реализира ниту еден значаен развоен проект во Охрид. Сите таканаречени приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните не се реализирани. Не ќе да е само во прашање нивната неспособност, нестручност и неподготвеност на граѓаните да им се решат приоритетните проблеми. Веројатно голем удел во тоа има расипничко трошење народни пари од страна на нивната…

повеќе...

Масовен пречек на Заев во струшко: Вие сте спасот за Македонија

„Само Вие сте спасот за Македонија“. Ова што го довикна една жена, проследено со аплауз, беше топло добредојде на претседателот Зоран Заев во струшко. Со него беа генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Александар Кирацовски, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, пратениците Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Васко Ковачевски, општинските раководства на СДСМ од Струга, Вевчани, Враништа, Охрид.  Посетата почна од Струга, по чаршијата. „Јас Албанец, тој Македонец, еве како е можно братство“– го повика еден граѓанин претседателот Заев, да се поздрават, да ја проба неговата…

повеќе...

Заев: Специјален обвинител до 15-ти септември или бомбите ќе продолжат во јавноста

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес беше во посета на Струга. Тој  во изјава за медиумите рече: „На крајот на летната сезона, на пазарен ден, јас, генералниот секретар, членовите на Извршниот одбор, пратеничката група, општинското раководство, членови на Централниот одбор, сме во посета на Струга. Мултиетничка Струга ја видовме и по чаршијата, ја видовме и по пазарот, ја видовме и овде покрај плажата, насекаде по било кој дел од секојдневието на Струга, можеме да заклучиме дека народот наш живее заедно. Единствено заедно ја гледа иднината на оваа наша земја, ама…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев со честитка за празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Претсетдателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка по повод големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богодорица. „На сите верници од православна вероисповед и на сите што го празнуваат им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богодорица, денот на вознесувањето на Мајката Божја којшто ’не потсетува на огромното значење на безрезервната љубов, на грижата, на добрината, на хуманоста но и ’не потсестува на патот кон вистината, на патот кон трпението, на патот кон помагањето. Исто така овој ден, треба славејќи го да не’ постетува и да не’ обврзува сите да ги унапредиме…

повеќе...

Бочварски: На крајот од мандатот власта на Груевски граба што ќе стигне!

Претседателот на Комисија за транспорт и врски и член на ИО, Благој Бочварски,  денес одржа прес-конференција на која истакна: „Очигледно, на крајот од мандатот, власта на Груевски гледа да приграби се што може. Владејачкото мнозинство експресно си изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита и слично. За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина. Ова ќе предизвика големи штети врз природните богатства, но ќе се создаде и урбанистички хаос…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со висока делегација на Европската зелена партија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Европската зелена партија предводена од пратеникот во Европскиот парламент, Реинхард Бутикофер. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија и демократските предизвици со коишто се соочува земјава. Претседателот Заев го информираше европратеникот Бутикофер за текот на разговорите во рамки на работните групи, согласно превземените обврски од договорот од 2-ри јуни/15-ти јули. Заев го поздрави ангажманот на Европскиот парламент во разрешување на политичката криза во Македонија и потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да дејствува внимателно и фокусирано…

повеќе...

Заев: Чесен политичар не се плаши од една изборна единица

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска дел од раководството на СДСМ, на чело со мене како претседател, сме во источниот дел на Македонија. Наутро состаноци во Берово, сега сме во Пехчево, после тоа продолжуваме во Делчево. Но, по прошетката овде во пазарот, заедно со пензионерите, заедно со младите луѓе. Ни пати источна Македонија поради огромната миграција, младите заминале надвор од државата. Еве поминале летните периоди, еве веќе се враќаат назад и останува пустошот на младоста, токму во источна Македонија. Тоа е една голема болка и…

повеќе...