ММДЧП бара привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав. На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател…

повеќе...

Одржано Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија денес во Големата сала на општина Охрид  го одржа првото Годишно собрание, на кое се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“. „Денес 30тина делегати од 4 града, од Скопје, од Куманово, од Штип и до Охрид ќе го усвојат извештајот за  едногодишната работа на акцијаши и волонтери на Македонија. Ќе покренеме иницијатива за Меѓунароен волонтерски камп „Охрид 2017“, каде што присутни ќе бидат нашите пријатели скоро од сите балкански земји. Се надевам дека денеска ќе побудиме…

повеќе...

Во сабота ќе се одржи Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија во сабота (13.05.2017) во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го одржи првото Годишно собрание, на кое ќе се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“. Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и им помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел…

повеќе...

19-то Изборно собрание на OO на СБ Охрид и Дебрца

Денес, Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца го одржа 19-то Изборно собрание. Во работна и свечена атмосфера направен е осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ; во изнаоѓање и на други форми на дејствување. Собранието ги избра работните тела на Организацијата – нов Општински одбор, Надзорен одбор и претседателство на Општинскиот одбор. Со едногласна одлука новоизбраниот Општински одбор на својата прва…

повеќе...

Охридските гимназијалци во посета на македонскиот парламент

На покана на Парламентарниот институт кој е посебна организациона единица во службата на Собранието на Република Македонија кој функционира како ценатар за истражување, едукација и информирање, воспоставен на принципите на непристрансот, достапност и кредибилитет, ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа на едукативен семинар „Демократијата и Собранието“. На семинарот на почетокот низ теоретски предавања и практични вежби учениците ги утврдуваа и прошируваа своите знаења за парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за работата на Сборанието, изборот на народните претставници, донесувањето на законите и сл. По завршувањето на првиот…

повеќе...

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година – по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан Ибрами од ДПА. Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за буџетот, според кој, како што рече, е во прилог на македонската економија и е за поддршка на странските и на домашните компании. Го истакна предвиденото…

повеќе...

Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Седницата сè уште не е закажана, но има најави дека ќе се одржи во 17 часот. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире…

повеќе...

Тунтев: Со овој закон се остава простор за злоупотреба на градежните парцели

„Овој предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање не можеме да го прифатиме и сме против, затоа што повторно да се oстава простор за злоупотреба за градежните парцели“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка.

повеќе...

Собранието донесе заклучоци за настраданите во поплавите

Собранието вечерва усвои заклучоци за тоа што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета. Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја се до конечно остранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода. Се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување…

повеќе...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена. Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари и намалување на вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони. Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари. Извор: meta.mk

повеќе...