Новогодишна честитка на Советот на млади

Советот на млади при општина Охрид во пресрет на Новогодишните и Божикните празници упатува честитки до сите млади сограѓани со желби за среќа, здравје, личен и професионален успех. „Како организација од младите и за младите, Советот на млади и понатаму ќе продолжи да биде иницијатор на идеи и проекти кои ќе придонесат за остварување на интересот на младите луѓе, подобрување на нивната положба во општината, но и нивно вмрежување и претставување на регионално, национално и меѓународно ниво. Почитувани, нека новата 2015 година биде поуспешна за секој од нас, но и…

повеќе...

Заврши триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница го усвои Буџетот на единицата на локалната самоуправа Oхрид за 2015 година како и одлуката за негово извршување.Беа усвоени и одлуките за развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2015 – 2017 година, поддршка на локалниот економски развој на општина Oхрид за 2015 година, за финасиските потреби на територијалната противпожарна единица Oхрид за 2015 година,за изработка на урбанистички планови за општина Oхрид во 2015-2017 година, за образование за 2015 – 2017 година, за детска заштита за 2015 – 2017 година,…

повеќе...

Одложена триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид

Поради снежното невреме кое го зафати Охрид, триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид е одложена за утре-вторник (30-ти декември) со почеток во 10:00 часот.

повеќе...

Закажана триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.12.2014 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записник од 33-тата седница 1.Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2015 – 2017…

повеќе...

Пратеници од 5-та изборна единица ќе дебатираат со граѓаните „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“

Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на Граѓанската Асоцијација МОСТ, организира средба на која Пратеници од 5-та изборна единица ќе дебатираат со граѓаните на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“. Средбата, која е дел од проектот МОБИЛЕН ПАРЛАМЕНТ, ќе се одржи утре (вторник), во хотел „Ројал Вју“, со почеток во 17:30 часот. „На средбата, покрај пратениците, поканети се и претставници на ресорни министерства кои ја третираат оваа проблематика, како и претставници на Локалната самоуправа. Граѓаните пак се поканети да земат учество преку здруженијата на граѓани, урбаните и месните заедници, како…

повеќе...

Повик за нови членови на Советот на млади

Локалниот совет на млади при општина Охрид е постојано работно тело во рамките на општина Охрид. Неговите главни програмски цели се: остварување на поширок општествен интерес на младите луѓе, нивно застапување и подобрување на нивната положба. ЛСМ-Охрид во својата програма предвидува различни активности: обуки, работилници, трибини, семинари, спортски и културно-забавни активности, хуманитарни мисии и сл. Советот претставува место каде младите луѓе преку заедничко дружење можат да работат, меѓусебно да си помагаат, да споделуваат идеи, но и да ги промовираат позитивните општествени вредности. Затоа, Советот на млади при општина Охрид ги…

повеќе...

Николоски во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексадар Николоски од утре, 10-ти до 12-ти декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. На Мониторинг комисијата, Николоски ќе учествува во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските превземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, пост-миониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгедува…

повеќе...

Заврши триесет и третата седница – Советот ќе работи со нов деловник

Со 40 точки на дневниот ред во кои доминираа одлуки од урбанистичката сфера, денес Советот на Општина Охрид, ја одржа 33 седница. Очекувано, најголемо внимание привлекоа предлог одлуките за утврдување на Нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за наредната 2015 година и новиот Деловник за работа на Советот на општина Охрид. Во дискусијата по предлог развојните програми, градоначалникот Бакрачески истакна дека, програмите “се квалитетно изработени и ги одразуваат потребите на граѓаните. Понатака следува процес на јавна расправа каде што се вклучуваат сите субјекти на градот во креирање на…

повеќе...

Презакажана триесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Триесет и третата седница на Советот на општина Охрид е презакажана за 4 декември ( четврток ) со почеток во 13 часот и 30 минути. ЈА СВИКУВАМ триесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 04.12.2014 година (четврток) со почеток во 13:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записниците од 31-вата и 32-втората седница 1. Предлог Одлука за утврдување Нацрт Фискална стратегија и Развојни програми на…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Советите на млади од Охрид и Штип

Локалниот совет на млади при општина Охрид, викендов во Охруд“, потпиша меморандум за соработка со Советот на млади при општина Штип. Претседателите на двата совети се обврзаа во иднина да организираат заеднички активности за едукација на младите, како што се семинари, конференции, работилници и некои други проекти кои би биле во функција на двете институции.

повеќе...