Одржана 26-та седница на Советот на општина Охрид

Денешната 26-та седница на Советот на Општина Охрид помина во знакот на двете точки кои се однесуваа на Предлог одлуките за давање на согласност за одлуката за усвојување на физибилите студијата за ЈП Градски Пазар Охрид и Предлог одлуката за започнување на повторената постапка за доделувањена договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар. Пред усвојувањето на дневниот ред, на предлог на секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, овие точки, како и точката за Предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот…

повеќе...

Свикана дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:  Р Е Ш Е Н И Е  ЗА СВИКУВАЊЕ НА   ДВАЕСЕТ И  ШЕСТАТА    СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД  ЈА СВИКУВАМ  дваесет и  шестата седница на Советот на општина Охрид на ден  18.07.2014 година (петок)  со почеток во  11:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот :   Д Н…

повеќе...

Советот на градските татковци расправаше за привлекувањето на инвестиции

Локалниот економски совет или такавиканиот Совет на градски татковци, на денешното продолжение на четвртата седница со која претседаваше  градоначалникот Никола Бакрачески, расправаше за досегашните активности за привлекување инвестиции и за неколку поголеми проекти ,што ќе ги финансира Владата на Република Македонија. Општина Охрид, како што информираше градоначалникот Бакрачески, интензивно контактира со домашни и странски инвеститори и паралелно работи на промоцијата на можностите за развој во повеќе сектори. Денеска, посебен акцент беше ставен на можностите за рестартирање или пренаменување на стопански објекти кои не функционираат.Сетоа тоа, како што беше речено е…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа составена од  Стефан Шенах и  Роберт Валтер. На средбата позитивно беа оценети досегашните заложби за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија, како и соработката која се остварува со Парламентарното собрание на Советот на Европа во насока на реализацијата на зацртаните цели. Соговорниците се осврнаа на повеќе актуелни теми и прашања кои се во насока на подобрување на стандардите, градење на доверба и унапредување на интегративните процеси. Беше разговарано за…

повеќе...

Стојаноски: Јавноста треба да го препознае неквалитетното, непринципиелното и лицемерното однесување на Локалната власт, предводена од ДПМНЕ

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид, Јован Стојаноски,  а по повод вчерашната одржана 25 седница на Советот на општина Охрид. „Нашата денешна реакција е по повод вчера одржаната 25 седница на Совет на општина Охрид, на која седница беа донесени одредени одлуки, од кои сметаме дека јавноста треба да го препознае неквалитетното, непринципиелното и лицемерното однесување на локалната власт, предводена од ДПМНЕ. Имено, донесувањето на одредени урбанистички планови, кои беа изработени од пред неколку години, а…

повеќе...

Одржана 25-та седница на Советот на општина Охрид

Денес  се одржа 25-та седница на Советот на Општина Охрид. Советниците   ги изгласаа 38-те токи на дневен ред а ги усвоија и записниците од 23-та и 24 –та седница.  Дополнително се разгледаа и 14 иницијативи на граѓани за изработка на детални урбанистички планови од кои по усвојувањето како предлог одлуки, само 6  беа изгласани, останатите 8 не добија зелено светло од градските советници. Со  изгласување  на првите 15  предлог одлуки, советниците  ги разрешија досегашните и  именуваа нови членови на Надзорните и Управните Одбори  во  охридските јавни претпријатија а  ги…

повеќе...

Од утре стартува летниот режим на сообраќај

На 1-ви јули стартува летниот режим на сообраќај. Предлог одлуката за организирање на режимот на сообраќај во лето денес на 25-та седница, го аминуваа и советниците во Советот на Општина Охрид. Улици затворени за сообраќај ќе бидат: „Кеј Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек на сообраќај до пресекот со улица „Ванчо Николески“; улица „Ванчо Николески“ од пресекот со улица „Партизанска“ до улица Кеј „Маршал Тито“’, пешачката патека од Центарот за обука на вода до Горица. На плоштадот „Св. Климент Охридски“,  на улица „Цар Самоил“,улица „Коста Абраш“ и улица „Илинденска“…

повеќе...

Свикана дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

 ЈА СВИКУВАМ  дваесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден  30.06.2014 година (понеделник) со почеток во 11:30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р Е Д 1. Усвојување на Записници од 23-тата и 24-тата седница 2. Предлог Одлука  за  разрешување член  од Управниот  одбор  на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид. 3. Предлог Одлука  за  именување член  во Управниот  одбор на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид. 4. Предлог Одлука  за  разрешување член  од Надзорниот…

повеќе...

Одржана 17-та седница на Советот на Општина Дебарца

Денес во 14:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Дебарца се одржа 17-та седница, при што на дневен ред беа ставени деветнаесет точки меѓу кои и точката за субвенционирање на сите неженети лица кои се жители на општина Дебарца и имаат над 35 години, кои доколку стапат во брак ќе добијат материјална помош во вредност од 30 000 денари.

повеќе...

Заврши продолжението на дваесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на продолжението на  прекинатата дваесет и трета седница, денес  даде согласност за  одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ за усвојување на физибилити  студија и на одлуката за  започнување на постапка за доделување на Договор  за воспоставување на јавно-  приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Советниците го прифатија извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година, како и тримесечните извештаи за  реализација на Програмата за поттикнување на…

повеќе...