Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Харалампиј

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Харалампиј. Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за нов,…

повеќе...

Преподобен Прохор Пчински и Преподобен Јован Рилски

Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и…

повеќе...

Литургија по повод празникот „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква. По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила Архиепископот Охридски, а теологот Виктор Недески во своето излагање ќе зборува за ликот и делото на свети Константин…

повеќе...

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…

повеќе...

Светиот пророк Илија – Илинден

Денес е празник посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа…

повеќе...

Светата великомаченичка Недела

Денес празник посветен на Светата великомаченичка Недела. Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да…

повеќе...

Собор на Светите славни и сефални апостоли (Павловден)

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на…

повеќе...

Во четврток вечерна богослужба и литија во црквата „Св.Георгиј“ – Струга

На 7- ми мај (четврток),  во 16:00 часот, во црквата „Св.Георгиј“ во Струга ќе се служи вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во 17:30 часот ќе се одржи традиционалната Еордија – литија со светите мошти од „Св.Георгиј“ и неговата чудотворна икона.

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13-ти ноември и на 30-ти јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите…

повеќе...