Активниот состав на СВР Охрид утре ќе врши вежбовна активност за боево гаѓање

Утре, активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“ со почеток од 08 часот. Утрешната вежбовна активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје…

повеќе...

Пронајдена дрога во возило кај Рача – приведено едно лице, другото е во бегство

Вчера околу 04:50 часот на ул. „Наум Охридски“ во н.Рача – Охрид, од страна на полициски службеници бил даден знак за застанување на ПМВ„Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки. Возилото не застанало, туку ја намалило брзината, а две лица излегле од возилото и побегнале. По преземени мерки во врска со настанот, во ПС Охрид бил приведен С.Д.(65) од Битола. При прегледот, во возилото била пронајдена и подигната за вештачење поголема количина опојна дрога, најверојатно „марихуана“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и за целосно расчистување на настанот.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој користел дрога во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. и „овозможување на употреба на наркотични дроги”. На 25.07.2016 година околу 19.00 часот пријавениот на лице од Охрид му продал 22.81 грама марихуана, додека на 26.07.2016 година во своето возило и овозможил на Ш.Е заедно да користат хероин кој го поседувал.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец и правен субјект поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б. (52) од Охрид и против правно лице „Градинар” ДЗППП увоз извоз АД Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2016 и 2017 година на парцела на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за градба издадено од надлежен орган, извршиле надградба на објект.

повеќе...

Тепачка во кафе бар во Охрид

На 28.05.2017 година во 04:10 часот во ПС од ОН-Охрид, В.О. (26) пријавил дека околу 01:45 часот, тој заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П. сите од Струга дошле во Охрид поточно во кафе бар, додека неговото возило го паркирал во непосредна близина. Во кафе барот му пришол А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор, а во еден момент физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи…

повеќе...

Сопственик и управител на погребално претпријатие од Охрид телата ги чувал во возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба”. Пријавениот, во својство на сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон” од Охрид, кое е овластен оператор за вршење погребални услуги, подолг временски период работел на начин што (за да има поголема добивка) починатите лица, за кои вршел погребални услуги, наместо да ги однесе во капела ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие и другиот ден ги пренесувал и ги погребувал…

повеќе...

Кривична пријава за сириски државјанин и правен субјект од Охрид поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (47) од Сирија и против правно лице ДТУ „РАНА ЈК” Охрид ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2017 година во катастарска општина Велгошти во Охрид, на ул. „Прва МУБ” пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за доградба издадено од надлежен орган, на семејна куќа бесправно доградиле приземје и поткровје.

повеќе...

Маскирани сторители ограбиле безниска пумпа во Мешеишта

На 23.05.2017 година околу 02:40 часот во с.Мешеишта, охридско, двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа. Сторителите со пиштол се заканиле на вработениот и од касата одзеле 3. 000 денари. После тоа со пластични стеги го врзале вработениот, му го одзеле мобилниот телефон и избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради кражби во цркви и џамија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.С.(30) од Охрид, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривични дека “тешка кражба” по чл.236 ст.1, чл.236 в/в чл.19 и чл.236 ст.5 од КЗ на РМ. Во временскиот период од 27.03. до 05.05.2017 година во црквите ,,Св.Тома“ во с.Лескоец (во два наврати), во ,,Св.Цар Костадин и Елена,, во Охрид , Св.Наум,, – атар на с.Лескоец, ,,Св.Спас“во с.Лескоец и во Џамија во Охрид, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден алат, извршил тешки кражби и тешка кражба во обид, од каде одзел…

повеќе...

Охриѓанец изгубил контрола и удрил во дрво – сопатничката тешко повредена

На 21.05.2017 година во 01.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ се случила сообраќајна незгода во која К.С. (24) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво. По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката М.М. (25) од Скопје била пренесена во Ургентен центар Мајка Тереза, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.

повеќе...