Работник починал при изведување работи во каменолом

Вчера околу 15:00 часот во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, бил донесен починат В.М. (61) од Струга. Тој бил вработен во фирма, кој изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица. Увид на местото на настанот извршила екипа на ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил н шести минатиот месец во семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни…

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

На 17.06.2017 година во 17:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (18) од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (25) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на…

повеќе...

Стружанец во дворот пронашол рачна бомба

На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Го испрскала сопругот со солна киселина

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против В.В. (43) од кичевското село Брждани. Пријавената, казненото дело го сторила на ден 29-ти мај оваа година при расправија со нејзиниот сопруг. Настанот се случил во семејната куќа во селото, околу 15 часот кога, поради одредени недоразбирања настанал вербален конфликт меѓу пријавената и нејзиниот сопруг. Во еден момент од меѓусебната караница, пријавената В.В. со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Истиот бил пренесен во општата болница во Кичево…

повеќе...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за романски државјанин поради измама

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 07.04.2017 година околу 09.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите. Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за…

повеќе...

Кривична пријава за 19 годишно момче од Слатино поради изнуда на пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”. На 12.03.2017 година околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот. Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари. На 24.03.2017 година околу 21.00 часот пријавениот,…

повеќе...

Лишен од слобода албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница

На 12.06.2017 година во Полициска станица Охрид бил задржан A.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на ГП „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница. Истиот ден лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид.

повеќе...

По расправија, жител од кичевско с.Туин зел пушка и пукал во воздух

На 09.06.2017 година околу 08:15 часот во дворното место од куќата сопственост на Б.С.(26) с.Туин-кичевско, додека истиот седел со неговото семејство, во еден момент дошло ПМВ Мерцедес“ од кое излегле И.А. и М.А. од с.Туин, по што настанала вербална расправија и во еден момент Б.С. влегол во куќата и од вториот спрат зел ловечка пушка која ја поседувал со дозвола од неговиот татко и од прозорецот испукал еден патрон во воздух, при што нема повредени лица ниту е направена материјална штета. Од страна на УПС по овластување од ОЈО Кичево…

повеќе...

Гледачка на кафе во с.Јабланица измамила две лица

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Ф.М. (49) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против И.В. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 04.05.2017 година во с.Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да и гледа на кафе на Н.Д. и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра. Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе…

повеќе...