Одржана спортската манифестација „Трчај, играј, активирај се“

Денес се одржа спортската манифестација под мотото ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста ,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства. Во рамки на спортскиот настан се организираа натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан беше рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите…

повеќе...

На 8-ми септември ќе се одржи 31-от Меѓународен меморијален атлетски маратон „Влатко Димитров“

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и покрај најавата од минатата година дека ќе ја прекине 30-годишната традиција реши и оваа година да продолжи со традицијата Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км. Имено, на иницијатива на Председателот на АФМ Крсте Среафимоски како и неколку маратонци кој патем помогнаа со спонзори за да се обезбеди еден дел од потребните средства за организација на оваа традиционална трка, на состанокот одржан на 31.07.2017 година Организациониот одбор одлучи Меѓународниот Атлетски Маратон да го носи името на покојниот проф. Влатко Димитров…

повеќе...

„Трчај, играј, активирај се” спортско-рекреативен настан во пресрет на 8-ми септември

„Трчај, играј, активирај се” е мотото под кое на 6-ти септември, на Кејот на реката Вардар, Агенцијата за млади и спорт ќе организира спортско – рекреативен настан во пресрет на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите заинтересирани да се пријават и да бидат дел од атлетската трка во пресрет на Денот на независноста, 8-ми септември. Централна активност на настанот ќе биде рекреативна атлетска трка која ќе започне од Каналот на Вардар (општина Карпош, кај карпата за искачување), во 17:00 часот,…

повеќе...

Одржано седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес  во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а…

повеќе...