Општината со мерки од кои се задоволни и угостителите и охриѓани

Локалниот инспекторат во соработка со останатите надлежни служби, минатата недела  започна акција на  контрола  на нивото  на бучавост во угостителските објекти во Охрид. Со контролата која  се одвиваше во средата, четвртокот, петокот, саботата и неделата беа опфатени  30 угостителски објекти , ресторани и кафулиња.  Кај три од нив констатирани се прекршувања, односно бучавоста ја  надминала   дозволената горна  граница од  65 децибели и за истите следи парична казна во износ од 800 евра во денарска проти  вредност. Контролата на бучавост ќе продолжи и наредниов период, а се резлизира со цел…

повеќе...

Подобри услови за развој на охридскиот туризам

Со цел попривлечен Охрид и задоволни туристи, Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески презема низа активности за  подобра туристичка понуда и привлекување повеќе гости.    По преземените активности  во прилог на туристичките работници   намалени се  туристичката    и комунална такса а  помали   се и давачките на угостителите кои пред своите објекти поставуваат урбана опрема. Со субвенционирање на туристичката такса се стимулираат приватните стано издавачи во Охрид.Висината на субвенцијата  изнесува 50 отсто од висината на туристичката такса се со цел да се намалат незаконските дејствија во однос на…

повеќе...

Двокатниот автобус – идеална можност за панорамско разгледување на Охрид

Двокатниот автобус сопственост  на Јавното претпријатие  „Билјанини извори“,   летово  станува атрактивно превозно средство за охриѓани  и туристите.  Холандските  гости  кои  кај нас доаѓаат преку туристичката агенција „Охрид холидеј“ која со ЈП „Билјанини Извори“ има потпишано договор за соработка, се воодушевени од панорамскиот разглед на Охрид  и крајбрежјето со  ова превозно средство.  „Договорот со „Охрид- холидеј“ е само најава за склучување на договори за соработка  со уште неколку туристички агенции со кои сме во преговори“ , велат од ова јавно претпријатие.  Покрај на туристичките агенции, ова лето  двокатниот автобус  ќе…

повеќе...

„Охридски Комуналец“ подготвeно ја дочекува главната туристичка сезона

Во пресрет на главната туристичка сезона, ЈП „Охридски комуналец“ направи обемни подготовки и подготвено ја дочекува главната туристичка сезона. Согласно програмата за работа, усвоена од Советот на општина Охрид, претпријатието има донесено оперативен план за извршување на дејноста во текот на летото кога, видно се  зголемува  бројот на  туристи. Одржувањето на јавната чистота, што подразбира организирано и континуирано чистење, миење и метење на јавно прометните површини,  празнење на корпите за ситни отпадоци, во текот на летниот период, активностите се интензивираат. Бројот на извршители -метачи  кои се групирани по категории на…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2014 година изнесува 76 419, а бројот на ноќевањата изнесува 171 097. Бројот на туристите во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5%. Бројот на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 13.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е…

повеќе...

Гастрономски и гурмански тури низ Македонија

Холандскиот водич за гурмански тури “Gosto travel”, е компанија која организира гастрономски патувања, а во својата понуда ја има и Македонија. Иницијативата за организирање на гурмански тури низ Македонија за холандските туристи започна со издавањето на готвачот на холандски јазик на Жаклина Темелковска насловен “Сеќавањата на македонската кујна”. На следниов веб сајт сите заинтересирани гурмани можат да прочитаат голем број рецепти од традиционалната македонска кујна: http://www.macedonischekeuken.nl На интернет страната на холандскиот водич за гурмански тури “Gоsto travel”, http://www.gostotravel.nl може да се погледне целокупната програма која вклучува посета на културните знаменитости…

повеќе...

Учеството на туризмот во БДП е 1,4 отсто, целта е за шест години да достигне 5 отсто

Учеството на туризмот во БДП, во изминатите две години, е 1,4 отсто. Согласно државната стратегија за развој на туризмот до 2020 година проекциите се приходот од туризмот да постигнат пет отсто од БДП. Според податоците на Народна банка, девизниот прилив во 2013 изнесувал 136 милиони долари. Минатата година, пак, во туризмот биле вложени 2,1 отсто од вкупните инвестиции во земјата. Проекциите за годинава се трендот на пораст да продолжи. Во изминатиот период Владата презема серија мерки со кои го поттикна туристичкиот промет. Како резултат на субвенциите, од 2010 година па…

повеќе...

Со туристичките берзи ќе се организира пречекот на гостите во Охрид

Имајќи ги во предвид претходно утврдените недостатоци во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, Локалната власт во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2014 година предвиде изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи. Деновиве прва ваква туристичка берза е поставена на локација кај автобуската станица каде регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и…

повеќе...

Хотелите и угостителите ќе плаќаат за музиката што ја пуштаат во објектите

Хотелиерите и угостителите ќе плаќаат надомест за музиката што ја пуштаат во нивните објекти, согласно Законот за авторски и сродни права. Вчера во Стопанската комора беше потпишан договор меѓу Здружението на угостители и туризам и Организацијата Македонска музичка индустрија за висината на надоместокот за фонограми. Со договорот се утврди, хотелиерите да плаќаат по две денари од бод односно по ноќевање за музичките изведувачи. Освен бројот на ноќевања, она што ќе влијае на цената која хотелиерите треба да ја платат е и големината на објектот, оддалеченоста од плажа итн.  Па, така…

повеќе...

Раздвижено низ охридската чаршија

Може да се каже дека деновиве Охрид наликува како во време на шпиц сезона. Голем број на туристи од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, како и по кафулињата. Се  очекува од наредниот викенд бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми. WebOhrid

повеќе...