Откриен алкохол со сомнително потекло во угостителски објекти во Охрид и Битола

Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два деловни објекти во Битола и осум во Охрид откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што истите “заработија” парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена. Исто така, при контролите спроведени во текот на викендот, од страна на инспекциските служби на УЈП во еден угостителски објекти во Битола и два во Охрид откриен е алкохол…

повеќе...

Ново! Он-лајн плаќање на радиодифузна такса со платежни картички

Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да ја проверите состојбата на долговите или да вршите плаќање на Радиодифузна такса. Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ, од било кое место и во секое време. Како да се регистрирате за е-Радиодифузна такса? Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта! Креирајте ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp со избор на менито “Регистрирај се“ и следете ја процедурата. Постапката на…

повеќе...

УЈП отвори нов шалтер за РДТ во зградата на Македонска Радиотелевизија

Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје). Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и…

повеќе...

Инцидент во регионална дирекција Штип поради радиодифузната такса

Вчера, даночни службеници од Регионалната дирекција Штип при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник. Имено, обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса добил решение за присилна наплата согласно законските процедури, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип. Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападната даночена службеничка во Даночно одделение Куманово (види http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/403). Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од…

повеќе...

Данок можете да пријавите и во понеделник

Бидејќи последниот рок паѓа во недела (неработен ден), од УЈП потсетуваат дека согласно законот Годишната даночна пријава ќе може да се поднесе и на 16-ти март, (понеделник), како прв работен ден. Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 1.575 ја искорија можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk. И покрај големиот број на Годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), не…

повеќе...

Насоки за поднесување на даночни биланси за единките корисници на буџетски средства

Единките корисници на буџетски средства не се обврзници на данокот на добивка за средствата кои ги добиваат од Буџетот на РМ, Буџетите на единиците на локалната самоуправа, Буџетот на градот Скопје и Буџетите на фондовите за вршење на целите активностите и надлежностите за кои се основани, дадени со цел реализирање на одредени програми и цели утврдени согласно со нивниот статут и програма, истите не се предмет на оданочување односно не влегуваат во даночната основа на која се пресметува и плаќа данокот на добивка. Доколку наведените корисници на буџетски средства остваруваат…

повеќе...

УЈП ги објави насоките и калкулаторот за пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори

Управата за јавни приходи ги објави Насоките за пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500) кои се усогласени со најновите измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и во кои може да се најдат повеќе информации за тоа кој е обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите, основица и стапки за пресметка на придонесите, важни напомени за правните лица – исплатувачи на надоместоци по договори, рокови за поднесување на…

повеќе...

За таксистите – одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати до 31 декември

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.16 од 03.02.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година. Ова значи дека за околу 9.000 авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2015 година. Успешен старт на Проектот „ГПРС-фискализација“ Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555…

повеќе...

Се претставил како вработен во УЈП и “успеал“ со измама да земе 3.000 евра

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Д.Т.(27) од Скопје, за сторено кривично дело – “измама“ (чл. 247 од КЗ на РМ). Имено, од страна на УЈП – Регионална дирекција Тетово, по извршена инспекциска контрола во правно лице со седиште во Тетово, сопственост и управувано од оштетениот му била пресметана даночна обврска по основ на неплатен ДДВ и персонален данок во вкупен износ од 8.700.000 денари и со Решение било задолжено предметното правно лице да ја плати даночната обврска. Притоа, оштетениот…

повеќе...

Прием на седум нови субјекти во групата на големи даночни обврзници

Од 01.01.2015 година во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници преминаа следните правни лица: Супертред ДОО Скопје, Ген-И продажба на енергија ДООЕЛ Скопје, Црна Река Петрол ДООЕЛ Кавадарци, Енерџи Диливери Солушнс ДОО Скопје, С-Игор ДООЕЛ Кичево, Продис ДОО Скопје и Друштво за приредување игри на среќа Државна Видеолотарија на Р. Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје. Според категоризацијата на даночните обврзници (мали, средни и големи) и според барањата и потребите на бизнисите, работата на дирекциите на УЈП е специјализирана на: пет Регионални дирекции за работа со мали и средни бизниси и…

повеќе...