Груевски: Четири капитални културни објекти ќе се градат во 2016

Следната година ќе се градат четири капитални објекти во областа на културата, Драмскиот театар-Скопје, Театар Комедија, Конгресен центар на местото на Универзална сала и стариот римски театар кај археолошкиот локалитет Скупи. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“. „Готов е проектот за Драмскиот театар-Скопје и во текот на јануари ќе се објави тендер за изведувач за градба. Во јануари веројатно ќе…

повеќе...

Хајтек прва домашна компанија која инвестира во ТИРЗ

Македонската компанија Хајтек е прва домашна фирма која ќе инвестира во отворање фабрика во Технолошко индустриските развојни зони. Инвестицијата ќе изнесува над 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица од кои 100 во првата година, информира сопственикот на компанијата Саво Станковиќ на прес конференција во Владата по средбата со премиерот Никола Груевски. Тој оцени дека станува збор за втор по значење историски настан во 36-годишното постоење на компанијата, бидејќи, вели, дава можност за натпревар на европско ниво во сопствената земја без какви било ограничувања. „Досега работевме…

повеќе...

Мисајловски: Изградба на 24 регионални патишта и 7 автопати во 2016

Следната година активно ќе се работи на 24 регионални патишта и седум автопати со вкупна должина од околу 600 километри, најави денеска министерот за трансппрт и врски Владо Мисајловски. На презентација на отчет за сработеното со над 200 реализирани или почнати проекти, потпроекти и услуги Мисајловски оцени дека 2015 била најуспешната година на Министерството за транспорт и врски која ќе се памети по најголемите инвестиции во овој ресор. „Ја посветивме 2015-та на реализација на големи проекти во патната и железничката инфраструктра, достигнавме рекордна бројка на превезени патници низ двата аеродорми,…

повеќе...

Попоски пред пратенциите реферираше за надворешната политика во 2015

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во денешното годишно обраќање пред собраниската Комисија за надворшна политика истакна дека активностите на МНР во текот на 2015 година биле во согласност со утврдените стратешки наворешно-политички цели и приоритетите на Република Македонија. Според Попоски, 2015 година била година на предизивици, година во која, рече, се соочивме со предизвици дома, а бевме исправени пред предизвици на Балканот и поголем број во светот. Актуелната мигрантско-бегалска криза, како феномен незабележан во поновата светска историја, поради нејзината комплексност и бројните импликации, оцени тој, ги надминува националните граници.…

повеќе...

Голем интерес на граѓаните во Канцеларијата наменета за проектот „Купи куќа за млади“

Десетици граѓани денеска дојдоа да се информираат за новиот проект на Владата “Купи куќа за млади“ во канцеларијата која е отворена во рамки на Министерството за финансии. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вели дека има голем интерес кај младите под 35-годишна возраст за проектот поради што е и отворена канцеларијата. „Како што ветивме од денеска во Министерството за финансии е отворена посебна канцеларија за граѓаните во која вработените во Министерството за финансии на заинтересираните лица ќе им ги објаснуваат условите на проектот „Купи куќа за млади“, со оглед…

повеќе...

Македонија искористила 96 отсто од буџетот за „Еразмус плус“ во 2015

Националната агенција за европски обрзовни програми и мобилност на валоризациска конференција ги презентираше успешните проекти од програмата „Еразмус плус“ кои се завршени во 2015 година и кои ќе бидат дел од конкуренцијата за успешни проекти на Европската комисија на ниво на Европа. Директорот на Агенцијата Дарко Димитров изјави дека оваа година искористеноста на средствата од европскиот фонд е исклучително висока бидејќи од 4.230.000 евра, колку што бил буџетот на располагање за Македонија, искористени се 96 проценти. Соопшти дека од 2013 до сега има повеќе од 300 проекти. Во 2015 одобрени…

повеќе...

Над 2.000 нови работни места со проект за пазарна вработливост

Со 6,25 милиони франци, грант од Швајцарската конфедерација, во наредните четири години во Македонија треба да бидат отворени над 2.000 работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на над 1.000 мали и средни претпријатија. Станува збор за проект „Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)“, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што ќе го спроведува „Свисконтакт“ во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. „Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и…

повеќе...

Состанок за реформите во администрацијата и медиумите

Динамиката на активностите на итните реформски приоритети на Македонија во претпристапниот дијалог за зачленување во ЕУ во областите јавна администрација и медиуми, се тема на денешната средба на претставници на надлежните институции од овие области во Министерството за информатичко општество и администрација. Досегашните и идните реформи ги анализираат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, директорите на Агенцијата за администрација, на Државниот управен инспекторат, Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, на јавниот радиодифузен сервис… Од сите реформски приоритети МИОА е надлежно…

повеќе...

Презентација: Евтини, економски оправдани мерки за заштита од климатските промени

Лесно апликативни, не многу скапи и економски оправдани, вакви адаптивни мерки треба да се преземат за заштита на земјоделството од климатските промени чии негативни влијанија допрва ќе се почувствуваат. Ова е пораката од денешната презентација на резултатите од Проектот за адаптација кон климатските промени, спроведен од Мрежата за рурален развој на Македонија, со финансиска поддршка на УСАИД. Според експертите, државата не може да влијае на климатските промени, но може да го прилагоди земјоделското производство и со тоа, во одредена мера, да го заштити од несаканите последици. Производителите, пак, се се…

повеќе...

Груевски: Меѓународната заедница одблиску да го следи процесот за фалсификуваните лични карти

Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста. „Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар затоа што очекувам во наредните час – два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во…

повеќе...