Пешевски: Континуирано се зголемува интересот за членство во СНИПП

Сојузот на стопански комори и Геолошкиот завод од наредната година ќе се придружат на Националниот геопортал откако претходно ќе се донесат соодветни законски измени, со што бројот на членови ќе се зголеми на 20, најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по завршувањето на третата седница на Советот за национална инфраструктура на просторни податоци (СНИПП). Пешевски, како претседавач на СНИПП информира дека на седницата била сумирана работата во 2015 година и се дискутирало за натамошните чекори кои ќе се преземат. „Создавањето база на национална инфраструктура на просторни податоци е еден…

повеќе...

Грантови од ИПА за проекти на 12 граѓански организации

Дванаесет граѓански организации добија грантови преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија. Средствата во износ од еден милион и 500 илјади евра ќе бидат искористени за реализација на проекти за зајакнување на граѓанскиот сектор. На денешното врачување на договорите за грант, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав истакна дека вклученоста на граѓанското општество во клучните политички, социјални и економски реформи е од суштинско значење. „Среќни сме да видиме уште повеќе иницијативи од граѓанското општество за нивната практична вклученост во реформите поврзани со ЕУ и за повеќеструктурна соработка со владините…

повеќе...

Цветков: Од идната година субвенции на каматите за ИПАРД кредитите

Субвенционирање на каматните стапки за поголемо искористување на ИПАРД средствата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Како што рече Цветков на Агро-бизнис форумот, оваа нова владина мерка ќе биде наменета исклучиво за ИПАРД корисниците, а ќе почне да се спроведува од наредната година. „Со оваа мерка ќе бидат опфатени корисници на ИПАРД средства кои имаат потпишано договор со Платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија. Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за…

повеќе...

Нов владин проект „Купи куќа за млади“ – субвенции за куќа за лица до 35 години

„Купи куќа за млади“ е новиот проект на Владата со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можност за избор на два модела за субвенционирање“, информира денеска на прес-конференција во Владата премиерот Никола Груевски. Со првиот модел, како што рече, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години…

повеќе...

Белгиски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Во следните два три месеци се очекува неколку белгиски компании заинтересирани за инвестиции да ја посетат Македонија. Се очекува нивните посети да резултираат со нови инвестиции и отворање нови работни места… Можностите за инвестирање во Македонија, претставени на бизнис форум во Антверпен, Белгија. Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, пред 100-тина белгиски водечки компании ги претстави условите за водење бизнис во земјава. Компаниите искажале голем интерес за инвестирање, а се очекува во следниот период неколку од нив и да остварат посета со цел да се уверат…

повеќе...

Груевски: Бесплатно наградно патување за студентите со просек над 9,5

Државата ќе им обезбеди бесплатно патување со авион во Париз, Венеција или Барселона на студентите кои студираат на првите три рангирани универзитети во Република Македонија, согласно листата што ја прави Шангајскиот универзитет и имаат просек над 9,5. Премиерот Никола Груевски појасни дека мерката за студентите, наградно патување за сите оние кои имаат висок просек ќе се реализира од следната година. Ќе има две тури годишно, едната во мај-јуни, а втората во септември, најдоцна почетокот на октомври. „За оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Влада. Усвоивме уште една информација во правец…

повеќе...

Груевски: Економските показатели укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст

Податоците на Државниот завод за статистика за раст од 13,1 процент на индустриското производство во октомври и за 8,1 отсто на прометот во индустријата укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст на индустријата, оцени денескапремиерот Никола Груевски. „Компаните кои се во индустријата прават добри заработки и тие понатаму ќе може да ги инвестираат во нови капацитети, што ќе значи отворање нови работни места. Јас сум многу задоволен од тоа како се одвиваат работите со растот на индустриското производство, а и исто така и со растот на БДП“, истакна Груевски,одговарајќи на…

повеќе...

Американски Делфај ќе инвестира 15 милиони евра и 500 вработувања

Американската компанија „Делфај“ од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. Договорот во Скопје за реализаицја на инвестицијата го потпишаа директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и глобалниот директор за оперативни активности на Групацијата Делфај Луси Тоскани. По потпишување на договорот Мизо истакна дека станува збор за инвестиција која ќе се реализира во неколку фази, а првата е во вредност од 15 милиони евра и ќе отвори 500 нови работни места. За неколку години се очекува извозот да достигне над 150 милиони евра годишно. „Со оваа компанија првобитно стапивме во…

повеќе...

Попоски за „Катимерини“: Македонија направи еден куп компромиси во врска со името

Во врска со разликите околу името имаме длабоко чувство дека направивме еден куп компромиси, како што се промена на Уставот, знамето, прифаќање на привремено навредливо име во ОН… Од друга страна, листата на посакувани отстапки изгледа неограничено, додека претходните обврски да не не попречува во НАТО и во ЕУ, се заборавени, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за „Катимерини“. „Објаснувањето обично е: ние сме во клубот и вие сакате да се приклучите. Ќе ја платите цената, а во поглед на цената, небото е граница. Искрено, ние…

повеќе...

Груевски: Инвестициски циклус од 150 милиони евра во инфрструктура и 100 милиони во опрема во здравството

Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, во рамки на тој дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек, истакна премиерот Никола Груевски. Меѓу позначајните ги напомена новата Универзитеска клилника за гинекологија и акушерство пуштена во 2011 година, новиот Дијагностичко-ургентен центар во Клиничката болница – Тетово, реконструираната Општа болница во Охрид, реконструираната болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“ во Велес, реконструираната поликлиника „Букурешт“, потоа ПЕТ Центарот кој е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде пуштен,…

повеќе...