Преку проектот „Македонија вработува“ досега се вработени 10.100 лица. Проектот се покажа како одличен, оцени премиерот Никола Груевски. „Многу сум задоволен од овој проект. Нашата цел е да се зголеми бројот на вработувања. Работите се движат во добра насока, односно 6.750 фирми имаат вработено со овој проект вкупно 10.100 лица. Бројката расте секој ден, луѓето ги користат и доаѓаат до свое вработување, а значајно е што и компаниите добиваат многу затоа што има многу поволности за компаниите кои што вработуваат преку овој проект“, изјави Груевски. Тој потсети дека станува збор…
повеќе...Tag: влада
Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење
Министерството за финансии, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експрети на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. На конкурсот приситигнаа 310 творби од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивото и општата свест за…
повеќе...Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72
Трендот на изградба нови училишта во Македонија продолжува и натаму. За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. Тоа значи дека до крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, информира денеска премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека покрај изградбата на овие нови 80 училишта, во изминатиот период комплетно биле реновирани 350. Од шесте кои се планираат за идната година, појасни Груевски, две произлегле од одењето на терен и…
повеќе...Две нови намалувања на цените на лековите наредната година
По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на…
повеќе...Нов современ компјутерски томограф за Клиниката за неврологија
Полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите на Клиниката за неврологија во Скопје ќе овозможи новиот современ компјутерски томограф што денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари. Досега на Клиниката имало еднослајсен компјутерски томограф со постара технологија, поради што пациентите оттука биле препраќани на Клиниката за радиологија. „Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување…
повеќе...Груевски: Зголемени субвенциите за оризопроизводителите
Зголемување на субвенциите од 3 на 21 илјада денари по хектар предвидува новата владина одлука која денеска во Кочани ја соопшти премиерот Никола Груевски. Тој рече дека одлуката е донесена во соработка со производителите на ориз и е во склад на владината политика за постојана поддршка на оваа поледелска гранка. „Со најновата измена на уредбата за ориз ја зголемивме дополнителната поддршка за површина со ориз од 3 на 21 илјада денари по хектар и го исклучивме скалестото намалување за оваа дополнителна поддршка. Во наредниот период 3.131 лице од производителите на…
повеќе...Билатерални средби на Попоски при Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград, оствари билатерaлни средби со неговите колеги од Холандија и Финска, Берт Кендерс и Тимо Соини, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Михаел Линк. Главен фокус на разговорите при средбите, како што соопшти денеска МНР, биле внатрешно – политичките случувања, развојот на политичкиот дијалог, претстојните избори кои треба да се одржат во април, мигрантската криза и состојбата со мигрантите на граничните премини на Република Македонија. Попоски ја поздравил…
повеќе...Груевски: Исплатени 25 милиони евра субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци
Вкупно 25 милиони евра се исплатени за субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци. Очекувам и откупот кој претстои за годинашната реколта успешно да се спроведе, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по обиколката на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп. „Очекувам деновиве да започне откупот и апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за…
повеќе...Монтанте груп во јануари ќе почне да гради фабрика во Бунарџик
Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската Мотанте груп во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик, првична инвестиција во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени. Ова е потврдено со договорот за реализација на инвестицијата што во Владата на Република Македонија го потпишаа Клаудија Нидро од Монтанте груп и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Фабриката ќе се гради…
повеќе...Груевски-Заниер: Македонија и ОБСЕ соработуваат во сите сфери
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Соговорниците дадоа позитивна оценка за соработката на Република Македонија и ОБСЕ во сите сфери од взаемен интерес. Премиерот Груевски истакна благодарност за придонесот и поддршката која ОБСЕ ја овозможува на нашата земја во спроведувањето на реформите во сите општествени сфери. Тој го информираше својот соговорник за посветеноста на Владата кон спроведувањето на реформи кои значат унапредување на стандардите во сите потребни области. Двете страни ја…
повеќе...