Со „Македонија вработува“ досега вработени 7.880 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ во Република Македонија досега се вработени 7.880 лица, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој додаде дека во Радовиш преку овој проект досега за шест месеци се отворени 150 работни места, а сто компании ги искористиле можностите кои ги нуди проектот „Македонија вработува“. „Во Струмица имаме 485 постигнати вработувања преку проектот „Македонија вработува“, над 315 компании ги имаат искористено поволностите од проектот. Тоа се над 600 работни места во само овие две општини. На ниво на нашата држава со проектот се вработени 7.880…

повеќе...

„Дуинг бизнис“: Македонија шеста во Европа, 12-та во светот од 189 земји

Македонија е највисоко рангирана економија од регионот на Европа и Централна Азија, а 12-та глобално рангирана од 189 земји во светот, покажува најновиот извештај „Дуинг бизнис 2016“ на Светска банка. Македонија напредувала за 18 позиции во однос на претходниот извештај кога била рангирана на 30-тото место. Во извештајот објавен вчера се наведува дека Македонија се истакнува во неколку области на олеснување во работењето. Глобално земјата е втора најдобро рангирана во областа за започнување бизнис како резултат на поедноставувањето на процедурите преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација. На седмо место е во…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со престолонаследникот на ОАЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во Абу Даби се сретна со престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати и врховен командант на вооружените сили, Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан. Соговорниците ги поздравија добрите политички односи кои што се воспоставени помеѓу двете земји и истакнаа заедничка заложба за продолжување на политичкиот дијалог на високо ниво. Посебен акцент беше даден на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Премиерот Груевски ги истакна реформите кои што ги презема нашата земја кои…

повеќе...

Министерот Попоски се сретна со јапонскиот колега Кишида

Во рамки на посетата на Јапонија министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска во Токио имаше средба со неговиот јапонски колега, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида. На средбата, како што соопшти денеска МНР, се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, за состојбата со мигранскиот наплив во Европа, евро-атланските аспирации на Република Македонија, а се дискутирало и за можноста за што поскоро отворање амбасада на Јапонија со седиште во Скопје. Кишида изразил благодарност за посветеноста на Република Македонија за унапредување на соработката со Јапонија,…

повеќе...

Премиерот Груевски и владината делегација остварија посета на Стопанско индустриската комора на Абу Даби

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска заедно со македонската владина делегација остварија посета на Стопанско индустриската комора на Абу Даби каде што имаа средба со раководството и управниот менаџмент на истата. При посетата беа претставени можностите за инвестирање во Република Македонија, поволностите и мерките кои им стојат на располагање на потенцијалните инвеститори, како и сферите и областите каде истите може да се реализираат. Премиерот Груевски истакна дека во насока на обезбедување на поволна бизнис клима се направени многубројни реформи и се преземени конкретни чекори со кои се…

повеќе...

Владина поддршка за отворање училишни компании и финансирање бизнис идеи

Министерството за образование и наука за околу четириесет дена ќе распише јавен повик со кој ќе додели финансиска стимулација, еден вид субвенција наменета за средните стручни училишта во Република Македонија. Субвенцијата ќе биде во насока на интензивирање и формирање училишни компании и за иновативни проекти во средните стручни училишта, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со ова како Влада ставаме фокус на развојот на средното стручно образование како еден од одговорите на потребите на пазарот на труд. Висината на износот на оваа финансиска стимулација ќе биде 20 илјади…

повеќе...

Почнуваат инфоденови за новиот повик за образовната програма „Еразмус плус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска го објави повикот за аплицирање за поддршка на проекти од програмата „Еразмус плус“ за 2016-та. Европската комисија за оваа програма за наредната година на Македонија и одобри 4,7 милиони евра што е за 15 проценти повеќе од фондот во 2015 година. Агенцијата денеска ја почна и информативната кампања за новиот повик. Во наредните два месеца караванот ќе гостува во шест градови во земјава (Скопје, Гевгелија, Берово, Ресен, Кичево и Кавадарци) каде што ќе бидат организирани инфоденови за подобро запознавање на потенцијалните…

повеќе...

Груевски: Се залагаме за екстерно тестирање, ќе го усовршуваме и ќе даде резултати

Образованието и вложувањето во подобро орбазование ни е единствениот ресурс за конкурентност со светот и напредок на земјата. Тоа е суровата реалност која мора да ја прифатиме, наспроти лажните митови, нагласи премиерот Никола Груевски во врска со реакциите поврзани со образованието, во своето обраќање на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Спроведуваме амбициозни и промислени реформи во образованието, и како и тогаш се соочуваме со отпор, нагласи Груевски, додавајќи оти, според него, тоа е повеќе отпор кон новото и непознатото, а не е отпор…

повеќе...

Владата со над 100 милиони евра годишно поддршка за домашните фирми

Над 100 милиони евра годишно се инјектираат кај домашните фирми преку кредитните линии на Македонската банка за поддршката на развојот (МБПР), Фондот за иновации и технолошки развој и програмите за самовработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија. На првите сигнали на влијание на светската економска криза во земјава обезбедени се средства од 350 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Ова е историски најголема кредитна линија која била пласирана во земјава. Претходно ваквите линии изнесувале само по неколку милиони евра. „Досега од оваа кредитна линија искористени се 319 милиони…

повеќе...

Груевски: Македонија можна порта за ОАЕ кон Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска, во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, оствари средба со премиерот на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој во исто време е и Владетел на Емиратот Дубаи. На средбата беше истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од взаемен интерес. Двете страни потенцираа дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатираа потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на…

повеќе...