Наградени најуспешните бизниси отворени со грант за самовработување

Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси. Седумдесет проценти од нив се уште активни. Најдобрите од нив во неколку категории беа наградени денеска. Најбрзорастечка микро компанија е „Стара Фурна“ од Прилеп, чиј основач е Влатко Апостоловски, најуспешна жена претприемач Живка Костадиновска основач на „Аронија здрава храна“, најмлад претприемач е Панче Георгиовски основач на компанијата „Брајт Бокс“ и најуспешна компанија регистрирана како занаетчиска е „Студио фешн“ од Струмица, чиј основач е Дана Мицева. Наградени се и 13 најиновативни бизнис…

повеќе...

Ставрески: Не бираме странски или домашни инвеститори, бараме нови работни места

Нема дилема „странски или домашни инвеститори“ – нам ни требаат и едните и другите. Ни требаат добри инвеститори, кои ќе работат според законите и кои ќе отвораат нови работни места, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Сител телевизија. „Во зоните денес работат околу 14.600 лица. Сите тие имаат семејства, деца. Со платата што ја земаат во фабриките ги издржуваат нивните семејства и имаат перспектива. Без тие фабрики луѓето ќе немаат перспектива и уште поизразен ќе беше проблемот на сиромаштија и невработеност“, истакна Ставрески. Ставрески рече…

повеќе...

Подготвени 10 проекти за регионален економски развој вредни 38 милиони евра

Подготвена е техничка документација за 10 проекти за регионален економски развој за чија реализација се потребни 38 милиони евра. Седум се за промоција и развој на туризмот и ќе бидат основа за проектот за конкурентност на туризмот во регионите што ќе го спроведе Владата со финансии во износ од 21 милион евра. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, квалитетно подготвената документација за новите проекти ќе овозможи за брзо време да се најдат извори на финансирање, преку претпристапната помош од ЕУ, донаторски средства или со комерцијално финансирање. „Важно е што…

повеќе...

Ставрески: Историски највисоки инвестиции и најнизок дефицит, зголемени пензии и социјална помош

Со предлог буџетот за 2016 година ќе се овозможи историски највисоко ниво на инвестиции, ќе се зголемат пензиите и надоместоците за социјална помош, а буџетскиот дефицит ќе се намали од 3,6 на 3,2 проценти од БДП, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во образложението за Предлог-буџетот за 2016 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет Ставрески рече дека капиталните инвестиции се планирани на износ од 25.092 милиони денари, како развојна компонента на буџетот што директно ќе помогне за динамизирање на економската активност во следната година. Капиталните…

повеќе...

Спасов: Се реконструираат 42 објекти за социјална работа

Во рамки на проектот „Договори за работа како поддршка за процесот за унапредување на активностите и услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија“ финансиран од ИПА програмата на Европската унија, денеска во Виница министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на агенцијата за вработување Влатко Поповски и преставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро Ди Вероли направија обиколка на Центарот за вработување кој се реновира и на Центарот за дневен престој на децата. „Со средства од ИПА програмата на ЕУ го промовираме почетокот на третата фаза…

повеќе...

Груевски: Во првите девет месеци има 19.000 нововработени, а до крајот очекуваме уште 6.000 нови

Од формирањето на државата, од независноста, од 1991 година до овој момент Република Македонија има најниско ниво на невработеност во нашата историја. Во првите девет месеци од годинава вработени се 19.000 лица, а до крајот на годината се очекуваат уште 6.000 нови вработувања, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за Сител Телевизија. „Во годината кога ние дојдовме на власт невработеноста беше околу 38 проценти. Тоа беше рекордна невработеност не само во Македонија, туку и во Европа. Оттогаш па наваму, континуирано секоја година, секој квартал, без исклучок, имаме намалување на невработеноста,…

повеќе...

Во ноември ќе се официјализираат инвестиции на две големи американски компании кои ќе вработат 2.000 луѓе

Две американски компании се очекува во ноември да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија планира да вработи 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места, изјави вечерва премиерот Никола Груевски. Тој во интервју за Сител Телевизија рече дека двете компании за тоа ја информирале Владата, но официјално се очекува компанииите тоа да го соопштат за јавноста во ноември. „Некаде во ноември две американски компании планираат да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија, при што едната компанија ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе…

повеќе...

Регионален развоен центар на Искрател почна со работа во Македонија

Словенечката групација Искрател во Република Македонија го отвори својот регионален развоен центар. Ќе работат 100 вработени стручни квалификувани лица, а според менаџментот одлуката да го отворат токму во Македонија се брзорастечката ИКТ индустрија во земјава и долгогодишната добра соработка и доверба. Официјалниот почеток со работа на Регионалниот центар го означија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претседателот на УО на Искрател Жељко Пуљич и директорот на Искрател Скопје Јанез Сајовиц. Вицепремиерот Пешевски, посочувајќи на политиките, мерките и проектите што ги презема Владата во оваа индустрија, како и добрите бизнис услови…

повеќе...

„Енергетска математика“ емисија за енергетска ефикасност

Енергетска математика е новата активност на ЕВН и Агенцијата за енергетика која се спроведува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. Преку сериал на емисии, кој денеска беше промовиран, граѓаните ќе можат да се запознаат со начинот на кој ќе можат да ги применат принципите на енергетска ефикасност во својот дом, како и начинот на кој работат енергетските контролори на терен. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер истакна дека енергетската ефикасност овие денови е многу експлоатирана тема, но за неа не се зборува многу во однос на нејзината…

повеќе...

Солидарни и со помош на ЕУ до заедничка борба против новиот феномен

Европската унија ќе ја помогне финансиски, но и советодавно секоја земја на мигрантската рута, со цел олеснување при приемот на бегалците од Арапскиот свет, се вели во заклучокот од Декларацијата донесена по денешната конференција „Источен Медитеран – Западен Балкан” за правецот на транзит на мигрантите. Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, Република Македонија, која е во центарот на мигрантската рута, ќе има достапност до 300 милиони евра дполнителна хуманитарна помош од ЕУ, заедно со останатите земји од соседството на Сирија, Турција, Грција, Србија и Унгарија. Министерот за надворешни…

повеќе...