Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово. Министерството за финансии соопшти дека денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда. – Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
повеќе...Tag: влада
Одбранбени консултации САД – Македонија
Интеграција во НАТО, реформски процеси во одбраната, билатерална соработка и ангажман во мировни операции предводени од Алијансата и Обединетите Нации, биле темите на кои во Пентагон разговарале делегации од Министерството за одбрана и од американскиот Департман за одбрана, предводени од министерот Зоран Јолевски и Евелин Фаркаш, заменик-помошник на Секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија. Министерот Јолевски, соопшти денеска Министерството за одбрана, на средбата посочил дека стратегиски приоритет на Република Македонија е полноправното членство во Алијансата, а е поддржано од македонското Собрание, политичките партии, но и најважно граѓаните на…
повеќе...Попоски на средба на министрите за надворешни работи од Западен Балкан со евокомесарот Хан во ОН
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк учествуваше на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан организиран од страна на Регионалниот совет за соработка на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Како што соопшти МНР, на средбата што се одржа во рамки на 70. Генерално собрание на ОН, се разговараше за обврските превземени на Самитот во Виена, од август годинава, со фокус на мерките во областите на енергија и транспорт, забрзување на економскиот раст и развој, како и спроведување на европските…
повеќе...Премиерот Груевски на прием кај претседателот на САД Барак Обама
Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица, денеска присуствуваа на приемот кај претседателот на САД Барак Обама. Премиерот Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД.
повеќе...Македонија три позиции погоре во Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум
Светскиот економски форум во најновиот Извештај за глобална конкурентност ја рангираше Македонија на 60. место што претставува подобрување за три позиции во однос на лани. Во три последователни години подобрувањето е за 20 позиции, а во спордба со 2007 година за вкупно 34. Како што рече вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Владимир Пешевски на денешната конференција „За конкурентност – можности и предизвици за Република Македонија“, земјава трета година по ред бележи континуирано подобрување кај 41 фактор од вкупно 115-те кои го сочинуваат индексот на конкурентност меѓу…
повеќе...Попоски: Македонија ќе продолжи да придонесува кон коалицијата против екстремизмот
На средбата на коалицијата за борба против насилниот екстермизам, иницијатива на САД за борба против Исламската држава на Ирак и Сирија (ИСИС/ИСИЛ), македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски изјави дека Македонија ќе продолжи да придонесува во активностите за обезбедување мир на Блискиот Исток. Во меѓувреме, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја бојкотираше средбата на коалицијата, поради именувањето на Македонија под уставното име. „Имаме добра позиција како земја која има можност да придонесува и е дел од коалицијата во борбата против екстремизмот и различните манифестации на тероризмот. Во рамките на Обединетите…
повеќе...Груевски се сретна со Ципрас на приемот кај Обама
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на маргините на денешниот приемот организиран од претседателот на САД Барак Обама, оствари разговор со голем број од присутните, а меѓу останатите имаше неформален краток разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Премиерот Груевски го покани Ципрас на заедничка средба и да изнајдат решение за прашањето за името. На маргините на настаните одржани денеска во рамки Генералното собрание на ОН, премиерот Груевски оствари и низа кратки средби и разговори со Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, норвешката премиерка Ерна Солберг, заменик премиерот…
повеќе...Министрите Попоски и Јолевски на генералната дебата на седумдесеттото заседание на Генералното собрание на ООН
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, како дел од владината делегација чиј шеф е премиерот Никола Груевски, вчера во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации, учествуваа во работата на телата и форумите на светската организација. Владините министри остварија и средби со нивните колеги од земјите членки на Обединетите Нации, а беа дел од работата и на Самитот за мировни операции на ОН. Министерот Попоски истакна дека нашата земја реализира активности кои се во насока на исполнување на главните цели на 70-тото Генерално собрание,…
повеќе...Премиерот Груевски му врачи орден на РМ на претседателот Џорџ Буш
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на гала вечерата на организацијата Македонија 2025, му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави. Премиерот Груевски истакна дека заради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија кој го доделува Претседателот на Република Македонија. „Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани да Ве…
повеќе...Пешевски: Ќе има огревно дрво, цената ќе се стабилизира на минатогодишното ниво
Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревно дрво и сите кои имаат потреба ќе бидат снабдени по минатогодишните цени. Испораката на дрва е интензивирана во целата држава, а евентуалниот недостиг Македонски шуми ќе го надомести со увоз, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Цената на огревното дрва, потенцира Пешевски, е задржана на истото ниво од лани и не се точни шпекулациите дека во текот на целата сезона цената ќе оди над 3.000 или 3.500 денари. Според Пешевски, Владата ја следи состојбата, а цената на дрвата на Македонски шуми…
повеќе...