Во Охрид отворена најголемата игротека во Западна Македонија

Вчера (20.09.2017) во Охрид свечено беше отворена игротеката „Вања“, најголемата игротека во Западна Македонија. „Игротеката распростанета на 700 м² и е изградена по најсовремени стандарди за климатизација, ветилација и светлина. Широкиот постор им нуди на децата полесно да се движат и играат. Играчките со кој е опремена игротеката дава максимална безбедност за игра на децата. Таа располага со отворена летна тераса и затворен климатизиран простор.” – изјави Виолета Анѓелковска, директор на Кам Village и додаде: „Од особена важност ќе биде високото ниво на хигиена кој ќе прв критериум на игротеката. Во…

повеќе...

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја дочекаа пролетта

Традиционално на градскиот плоштад во Охрид се организираше детска забава по повод доаѓањето на пролетта. На манифестацијата учествуваа дечиња од 4-6 годишна возраст од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, кои со дефиле под пролетни маски настапија со неколку музичко – ритмички точки и песнички со содржина за пролетта. WebOhrid

повеќе...

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад во Охрид

Започна Новогодишната забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг започнa попладнево со настап на ди-џеј Аце. Вечерва од 22:00 до 22:45 часот ќе настапи ди-џеј Нести, потоа ќе следи настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со пејачката Елена Велевска. WebOhrid

повеќе...

Предновогодишен настап на учениците од ОУ „Христо Узунов“

Во рамки на предновогодишните празнувања кои започнаа на 20ти декември на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, денеска со културно-уметничка програма настапија учениците од Основното училиште „Христо Узунов“. Утре, во редовниот термин од 12 до 14 часот настапуваат учениците од средното училиште „Св.Климент Охридски“, а предновогодишните празнувања завршуваат во петок на 30ти декември со настап на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

повеќе...

Трет ден од предновогодишната забава на охридскиот плоштад

Во рамките на предновогодишната програма, што се одржува на градскиот плоштад Свети Климент Охридски секој ден од 12 до 14 часот, денеска настапија учениците од ОУ „Братство-Единство“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Покрај програмата, учениците од угостителското туристичко училиште „Ванчо Питошески“ имаа отворено и посебен штанд на кој бесплатно делеа пецива и колачи кои сами ги подготвиле. Вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, а утре ќе настапат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

Продолжува предновогодишната забава на плоштадот во Охрид

На Градскиот плоштад и денеска продолжи реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма што ја организира Општина Охрид. Денес настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ со културно – уметничка програма. Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници. А.Андриоски

повеќе...

Тајзи ја „вози“ новата песна во латино ритам

Откако пред две неделta Тајзи ја промовираше песната „Вози“ на српски јазик, деновиве реши да ја пушти и македонската верзија која звучи како сосема различна песна. Македонската верзија е авторско дело на Лазар Цветковски, со текст на Тајзи и е во латино ритам. За кратко време, пејачот ветува нов македонски хит и тоа токму на неговиот роденден на 21 декември. До излегувањето на новата песна, останува да ја преслушаме „Вози“ во нов ритам.

повеќе...

Погледнете ја музичката програма за јубилејниот Вино Скоп 2016

Уште една недела не дели од почетокот на реномираниот вински фестивал, Вино Скоп 2016. Локацијата е традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, онаму каде што фестивалот започна пред десет години. Во текот на деценијата, од 2006 година па досега, на Вино Скоп настапија речиси сите големи македонски музички великани, како и голем број музички гости од странство. Оваа година за јубилејното издание, Вино Скоп 2016 е повторно промотер на убавата македонска песна и програмата е составена од најголем број македонски музичари, како и дел гости од соседните држави. Ќе…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на мирот

На Градскиот плоштад, денска, со пригодна свеченост се одбележа Светскиот ден на мирот. По тој повод членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, симболично маршираше од нивното седиште по Кеј Македонија до Градскиот плоштад. Во име на градоначалникот на Охрид, се обрати заменик градоначалникот, Ангел Јанев кој упати порака за сочувување на мирот и негување на различните вредности. „Не само овој, секој ден е божји и треба да се потсетуваме дека неубавите работи зависат од луѓето. Но и убавите, прекрасните, како: домот, семејството, слободата, мирот, добрососедството, почитувањето на…

повеќе...

Христијан Тришоски ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Христијан Тришоски (24), младиот талентиран музичар од Кичево е Македонецот кој ќе го скрши мразот на новата гламурозна сцена во студиото и ќе ја отвори новата сезона на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Имено, претстојниот викенд, во сабота на 24-ти септември со почеток во 20 часот започнува 11-тата по ред телевизиска сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а честа прв да настапи на новата сцена ја има токму нашиот Христијан Тришоски. Тришоски со музика започнува да се занимава уште од петто одделение кога за прв пат…

повеќе...