Во текот на првата недела од 2014 година само 13 лица пријавени со симптоми на грип

Во текот на 1-та недела од 2014 година (од 30.12.2013 – 05.01.2014 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, само 13 пријавиле заболени лица со симптоми на грип (на групни пријави за заболени од грип), со вкупен број 366 (МБ 1,8/10.000). Во споредба со бројот на заболени за 1-та недела од минатата сезона (143), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (1172), се регистрираат 3,2 пати помалку заболени лица. Вкупниот број на заболени од…

повеќе...

Повеќе ЈЗУ ќе добијат современа медицинска опрема

Министерството за здравство почнува постапка за набавка на нова современа медицинска опрема која вклучува три апарати за компјутерска томографија, два акцелератора, и по еден ангиограф, мамограф и дигитален рендген апарат за повеќе јавни здравствени установи. Со новата опрема пациентите ќе имаат можност на исто место да добијат и дијагностика и лекување, без да бидат препратени за дијагностика во друга здравствена установа и потоа повторно да се вратат за лекување во претходната ЈЗУ. Ова денеска на прес-конференција го истакна ресорниот министер Никола Тодоров, кој рече дека вкупна проценета вредност на новата…

повеќе...

Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија бележи континуиран пораст

Во текот на 52-рата недела од 2013 година (од 23.12 – 29.12.2013 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, 14 пријавиле 231 лице со симптоми на грип, на групни пријави за заболени од грип. Во споредба со бројот на заболени за 52-рата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (65), се регистрираат 3,6 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната…

повеќе...

За една недела пријавени 161 случај на грип

Во текот на 51-вата недела од 2013 година (од 16.12 – 22.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 161 лице со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 51-вата недела од минатата сезона (40), се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (48), се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 51-ва недела, изнесува 746 лица.…

повеќе...

Градоначалникот на децата заболени од дијабетес им вети решавање на проблемите со кои се соочува нивното Здружение

Општина Охрид секогаш ќе ги помага и ќе излегува во пресрет на Здруженијата на граѓани формирани на различна основа, социјална, здравствена или  културна, потенцира градоначалникот  Никола Бакрачески, кој во рамки на  своите новогодишни средби, денес ги прими и ги слушна потребите на членови од  Здружението на деца заболени од дијабет Б-1. Бесплатен превоз  до локациите каде ќе се реализираат нивните  редовни активности  и решавање на просторниот проблем им вети  градоначалникот  на сите деца- членови на ова здружение. Потенцијална можност е идните  состаноци на Здружението да се одржуваат во Заводот за…

повеќе...

Прегледи за рано откривање на болести на срце, бубрези и дијабетес

Еден милион и 200 илјади граѓани во следните две години ќе бидат повикани од своите матични лекари да направат превентивни прегледи за рано откривање на кардиоваскуларни и бубрежни заболувања и дијабетес. Оваа превентивна мерка чие спроведување ќе започне од 1 јануари следната година денеска на прес-конференција ја соопштија портпаролот на Владата Алексндар Ѓорѓиев и директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова. Владата за оваа намена одвоила околу 20 милиони евра, односно по 10 годишно, рече Ѓорѓиев. Превентивниот преглед што ќе се реализира на повик на матичниот лекар содржи…

повеќе...

Во Македонија од почетокот на сезоната 2013/2014, 585 лица се заболени од грип

Во текот на 50-тата недела од 2013 година (од 09.12-15.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 153 лица со симптоми на грип.  Во споредба со бројот на заболени за 50-тата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 73,9%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (32), се регистрираат 4,8 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 50-та недела, изнесува 585 лица. Во овој период…

повеќе...

Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2013/2014

Во текот на 49-тата недела од 2013 година (од 02.12-08.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 61 лица со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 49-тата недела од минатата сезона (80), се бележи намалување за 31,1%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (21), се регистрираат 2,9 пати повеќе заболени лица од грип. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 49-тата недела, изнесува 432 лица. Во…

повеќе...

Втор здравствен самит „Со превенција може да се каже не“

Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер. Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека не е возможно да се обезбеди се но, како што рече, клучно е да се стремиме секогаш да обезбедуваме повеќе и да се зголеми опсегот на услуги. Потсети дека кога пред година и половина се разработувал проектот за почнување на неонатална кардиохургија имал прашање дали ќе се воведат контрацептивни средства на позитивна листа на лекови, на…

повеќе...

Од 16 декември СМС потсетување за пациентите за закажан термин за преглед

На 16 декември официјално стартува проектот за СМС известување на пациентите за датумот и часот на нивниот закажан термин за преглед во јавните здравствени установи. Станува збор за уште еден нов модул или нова функциналност на системот за електронски евиденции во здравството и електронско упатување „Мој термин“. Првите СМС пораки за закажани прегледи беа испратени на 1 декември. Дневно ќе бидат испраќани над 5.000 СМС пораки во кои граѓаните ќе се потсетуваат за тоа кога им е закажан терминот во определена здравствена установа, рече министерот за здравство Никола Тодоров најавувајќи…

повеќе...