Тодоров: Продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети новоотворената рурална аптека во радовишкото село Ињево. „Задоволен сум што продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“, чија што реализација е заедничка на Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Фондот за здравствено осигурување. Со тоа овозможуваме пристап до лекови на околу 135.000 граѓани во рурални области во цела Македонија“, изјави Тодоров. Посочи дека за целосно заокружување на проектот ќе биде неопходно да се доближат и лекарските услуги. „Тука е и сегментот наподвижните аптеки, кој е за места до 1.500…

повеќе...

Драма на ОРЛ – Дете вдишало зрно грав, докторите едвај го спасиле

Пет годишно девојче од Сарај, вчера вдишала зрно грав и за кратко време почнала да се гуши. Според информациите на „Здравстви 24“ помодрено и во животозагрозувачка состојба било донесено на Клиниката за Уво нос и грло. На Клиниката веднаш бил мобилизиран тимот за ендоскопија. Девојчето итно било внесено во сала каде според лекарите секунди биле во прашање за спасување на детскиот живот. „Детето беше помодрено и во животозагрозувачка состојба. Самата интервенција се состои во тоа што со метална шипка се влегува во белите дробови и самата интервенција е од висок…

повеќе...

Од идниот месец подвижни аптеки во шест региони во државата

Доделени се шест лиценци за подвижни аптеки во повеќе региони низ државата и во финална фаза е нивното отворање. Се очекува подвижните аптеки да почнат да функционираат од наредниот месец, со што ќе се овозможи жителите на помалите населени места (до 1000 жители) потребната терапија да ја добиваат во своето место на живеење. Со овие шест лиценци кои се веќе доделени, опфаќаме 304 населени места со над 50.000 жители. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа мерка за воведување подвижни аптеки низ…

повеќе...

На 18-ти мај голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на стабилна и силна Македонија

Во овие тешки времиња, кога Македонија е под сцениран напад за нејзина дестабилизација. Во овие времиња кога некои луѓе сакаат Македонија да не отвара фабрики, да не отвара нови работни места, да не гради инфраструктура, патишта и пруги, ВМРО-ДПМНЕ јасно сака да соопшти дека се спротиставува на сите сценарија за дестабилизација, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО- ДПМНЕ Никола Тодоров. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или…

повеќе...

Пациентите задоволни од условите во ЈЗУ

Пациентите годинава споредено со 2013 година се многу повеќе задоволни од достапноста и љубезноста на лекарите во болниците и клиниките, од квалитетот на услугата што ја добиваат, од здравствените работници, од чекањето за преглед кое е пократко, од односот на шалтерските службеници во тие јавни здравствени установи, од условите и комфорот во чекалните итн. Ова го покажуваат резултатите од најновото спроведено истражување на задоволството на пациентите во јавното здравство, односно перцепцијата на пациентите за повеќе сегменти од функционирањето на јавните здравствени установи. Истражувањето е спроведено од Министерството за здравство, изминатиот…

повеќе...

Отворена можност за пријавување кандидати за соработка со странски медицински центри

Министерството за здравство ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на огласот за надворешен соработник за развој на соработка со странски медицински центри и договарање работен ангажман на врвни странски доктори од различни области во јавните здравствени установи низ државата. Ангажманот на соработникот се состои од воспоставување контакти со странски медицински центри, како и непосредни контакти со повеќе доктори, а во зависност од потребите, ангажманот може да вклучува и посета и престој во странски држави. Ангажираниот соработник треба да поседува добри комуникациски и менаџерски вештини. Воедно, кандидатот за соработник…

повеќе...

Соопштение на ФЗОМ за аптекарски станици

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците. Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места. За таа цел со измената на Законот за лекови и медицински помагала е предвидeно здравствената установа – аптека, што има две или повеќе организациони единици-аптеки, во состав на подрачјето на иста општина, задолжително на секои две организациони единици-аптеки во нејзин состав да отвори…

повеќе...

Почна да функционира он лајн-регистар на медицинска опрема

Сите апарати со кои располага јавниот здравствен систем во Република Македонија се внесени во он-лајн регистар на медицинска опрема, кој е во рамките на апликацијата „Мој термин“, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Системот, што функционира од почетокот на овој месец, ги содржи сите неопходни податоци за Министерството и здравствената установа да знаат во секој момент со која опрема располага, во каква состојба е и слично. Според овој регистер на медицинска опрема, евидентирани се 7.912 апарати во целото јавно здравство во земјава во 120 јавни здравствени установи. „За…

повеќе...

Ново софтверско решение за остварување на правата од здравствено осигурување за хонорарци

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерство за здравство, Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија усогласи постапка за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците. За таа цел, Фондот направи измени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи Анекс на договор со ФПИОМ за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување. Согласно измените, осигуреникот правото од здравствено осигурување ќе го…

повеќе...

Работилница за развивање национална здравствена стратегија „Здравје 2020“

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски, денеска присуствуваше на работилницата за развивање национална стратегија за здравје до 2020 година, на иницијатива на Министерството за здравство, со поддршка на Светска здравствена организација (СЗО). Изготвувањето Националната стратегија „Здравје 2020“ предвидува сеопфатен процес кој ќе ги вклучи сите чинители под водство на владиниот Комитет за животна средина и здравје, при што се предвидува отворен консултативен и мултисекторски процес во насока на интегрирање на различните слоеви на здравствениот сектор, активно учество на други нездравствени сектори и широк спектар на чинители, вклучувајќи ја стручната заедница,…

повеќе...