Иницијативите во рамки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа со фокус на формирање центар кој ќе се занимава со кризни ситуации од здравствен аспект, но поврзани со здравјето, како што беа поплавите во земјите од регионот, членки на здравствената мрежа, и улогата на регионалниот директор на СЗО за Европа во поддршка на функционирањето на мрежата, се дел темите на кои се осврна министерот за здравство Никола Тодоров во обраќањето на 64. сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, која почна денеска во Копенхаген. „Сакаме да направиме едно постојано тело…
повеќе...Tag: здравство
Учество на директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази на обука за менаџери на здравствени системи во Албанија
Директорот на Фондот за здравство услуги осигурување на Македонија, Џамали Мехази на 11 и 12 септември 2014 учествува на обука за менаџери на здравствени системи во земјите од Балканот, на тема “ Системот на националното финансирање на здравствени услуги; анализа на трошоци и ДСГ – дијагностичко сродни групи” организирано од универзитетот “ Нашата госпоѓаод добар совет ” Тирана, Албанија. Овој тренинг се одржа во Тирана, во соработка со регионот на Тоскана, Италија и Универзитетот во Фиренца, Италија. Директор Мехази, како дел од панелот на предавачи, ги презентираше искуствата на ФЗОМ…
повеќе...Правилник за работа за итната медицинска помош
Практична обука на итната медицинска служба, посебни обрасци за предавање и прием на пациент по извршен транспорт, како и олеснето комуницирање меѓу тимот кога се наоѓа во превозното средство и тимот за прием на повиците за итна медицинска помош се новитетите во Правилникот со кој се уредени организацијата и начинот на вршење на работите на итната медицинска помош во Република Македонија. Ова на прес-конференција го кажа министерот за здравство Никола Тодоров каде појасни дека со овој Правилник се уредени повеќе аспекти на функционирањето на итните медицински служби со цел да…
повеќе...За електронско склучување на анекс на договор со здравствените установи од дејноста општа медицина, гинекологија и општа стоматологија
На Управниот одбор на Фондот се усвои анекс на договор со давателите на здравствени услуги од дејноста општа медицина (1524), гинекологија (137) и стоматологија (1136). Со новиот анекс договор е овозможено во случај кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот да не го раскинува еднострано договорот, ако не е вработен лекар замена по истекот на 35 дена, но најмногу до 270 дена од настанување на случајот. Како доказ, здравствената установатреба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од АВРМ. До вработувањето на новиот лекар…
повеќе...Македонија ќе добие слободни здравствени зони
Здравствен туризам, привлекување на странски капитал за воведување на нови здравствени методи и постапки, трансфер на нова технологија, зголемување на конкурентноста, вработувањето и квалитетот на високобразовната понуда од областа на медицината, се дел од придобивките што се очекуваат од формирањето на слободните здравствени зони. Ова денеска на прес-конференција го кажа министерот за здравство Никола Тодоров на која го презентираше концептот за Предлог законот за Слободни здравствени зони (СЗЗ) кој, како што посочи, е проект ветен во програмата на Владата на Република Македонија. „Целиот концепт е замислен да се оформи една…
повеќе...Околу шест милиони евра заштедени со паралениот увоз на лекови
Речиси шест милиони евра се заштедени со централизираната набавка на лекови за јавните здравствени установи овозможена преку паралелниот увоз на лекови. Најголема заштеда од над два милиона евра на годишно ниво има кај лекот што се користи кај пациенти болни од леукемија, а значителна заштеда од приближно 813 илјади евра е постигната и кај лек што се користи како раствор за инектирање кај пациенти болни од карцином. Според министерот за здравство Никола Тодоров, со паралелниот увоз на лекови постигната е огромна заштеда на здравствениот буџет. „На Универзитетската клиника за хематологија…
повеќе...На Ортопедија првпат применета нова метода – хируршки третман на ‘рбетни деформитети
Нова метода – хируршки третман на рбетни деформитети пред два дена е првпат е применета на Клиниката за ортопедски болести. Направена е интервенција врз 15-годишна пациентка кај која интраоперационо е извршена целосна корекција на деформитет сколиоза и таа е во добра здравствена состојба. По повод примената на новата метода, министерот за здравство Никола Тодоров ја посети Клиниката каде изјави дека интервенцијата ја извршил доктор од Клиниката за ортопедија кој бил на едукација во Турција, во присуство на врвен ортопедски спинален хирург од Турција кој работи во реномираниот Центар за спинална…
повеќе...Едношалтерскиот систем и љубезноста на вработените најпозитивни во работењето на ФЗОМ
Фондот за здравствено осигурување напредува за две места споредено со минатата година, на листата на оценети институции според методологијата „Барометар на квалитет на институциите„ Најдобри резултати се постигнати во однос на искористувањето на едношалтерскиот систем, љубезноста на вработените и телефонските јавувања на „тајните клиенти“. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева – Змејкова посочи дека има голем број електронски услуги кои оваа институција ги воведе минатата година кои позитивно ќе влијаат врз резултатите при спроведувањето на анкетите.…
повеќе...ФЗОМ и Kлиника за пулмологија работат на намалување на смртноста кај пациентите со хронично опструктивна белодробна болест
ФЗОМ и Клиниката со пулмологија заедно работат на намалување на смртноста кај пациентите со ХОББ. За таа цел, ФЗОМ обезбеди наменски буџет во вредност од 1.7 милиони денари за Клиниката за пулмологија (условен буџет) за 50 апарати (концетратори на кислород) за кислородна терапија во домашни услови на пациенти кои имаат ХОББ, хронично опструктивната белодробна болест, која е едно од најчестите хронични заболувања на белите дробови. Кислородна терапија кај пациентите со ХОББ е потребна за да се спречат влошувањата, да се подобри толеранцијата на напор и да се подобри квалиетот на…
повеќе...ФЗОМ со две новини кои се однесуваат за остварување на правото за ин-витро како и здравствено осигурување за иселениците
ФЗОМ ја информира јавноста за две новини кои се однесуваат за остварување на правото за ин-витро како и здравствено осигурување за иселениците. Првата новина се однесува на измени во Правилникот за биомедицинско потпомогнато оплодување (ин-витро), со цел да се овозможи и олесни постапката за остварување на правото на осигурениците-брачни парови кои се лекуваат од стерилитет. Имено со оваа измена која стапува на сила по 16.08.2014 се овозможи осигуреничките кои имаат ограничена оваријална резерва на јајниците и отстапување од нормалните вредности на одредени хормони (FSH и anti-Mullerian хормон во серум) како…
повеќе...