Превентивни здравствени пунктови во пресрет на најавениот топлотен бран

Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом – Скопје од денеска почнува со акцијата за бесплатни превентивни пунктови на повеќе локации во пресрет на најавите за топлотен бран кој во следните денови ќе ја зафати државата. Пунктовите ќе бидат поставени на повеќе локации низ главниот град и ќе работат од 18 до 21 часот. Ќе има еден статичен пункт во Градскиот парк и по два мобилни пункта кои ќе ротираат во општините. На овие пунктови граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки…

повеќе...

Министерот Тодоров потпиша заеднички Меморандум со Флоренс Најтингел од Турција

Министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша заеднички меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството со д-р Хакан Таракчиоглу, интернационален маркет менаџер на реномираната турска клиничка болница Флоренс Најтингел. Целта е допрецизирање на активностите за организирање едукација на докторите и другите здравствени работници во оваа реномирана здравствена установа, што се реализира во рамки на Програмата за професионална едукација на докторите од Република Македонија. Со овој Меморандурандум се дефинира континуираната медицинска едукација во следните 5 години, со акцент на доедукација на кадар и организирање стручни обуки за доктори и останат…

повеќе...

Македонски лекари ќе учат традиционална кинеска медицина во Пекинг

Во рамките на посетата на Народна Република Кина, претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски денес во Пекинг ја посети Кинеската централна болница „Гуанганмен“. Целта на посетата е да се разгледа можноста и да се обезбеди согласност од  страна на медицинскиот центар за обука на наши лекари во оваа респектабилна болница. Обуката ќе се одвива во повеќе специфични медицински сфери каде постои заеднички интерес. Беше постигната начелна согласност за размена како и обука на македонските лекари во Пекинг, која по прецизирањето на деталите би требало да започне кон…

повеќе...

Оние кои немаат доставено барање за здравствена картичка да го сторат тоа во најбрз можен рок

ФЗОМ ја информира јавноста во врска со осигурените лица кои не успеаја да достават барање за издавање на ЕЗК, да го сторат тоа во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.  За да може осигурените лица да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.  Пенизонерите кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштените…

повеќе...

Распишан тендер за реактивирање на објектот за бањски туризам во село Бања

По повод тендерот што го објави Министерството за сдравство за продажба на земјиштето и објектот во село Бања, општина Чешиново-Облешево министерот Никола Тодоров денеска одржа состанок со градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков. Целта е реактивирање на објектот за физикална медицина и рехабилитација лоцирана во село Бања, како и привлекување домашни и странски инвестиции за отворање нови капацитети, кои ќе се користат за геријатриска и палијативна нега, бањски туризам, ќе се овозможат нови вработувања и ќе се овозможи развој на овој регион.  Локацијата и објектот имаат извонредни можности за развивање…

повеќе...

ФЗОМ отворен и во сабота за доставување на барања за издавање на електронска здравствена картичка

За да им излезе во пресрет на сите осигурени лица во Република Македонија, ФЗОМ ќе овозможи барањата за издавање на електронска здравствена картичка да можат да се доставуваат и во сабота, 29 јуни 2013 година. Сите подрачни служби на ФЗОМ низ земјава ќе работат во период од 07:30 до 19 часот. Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната Служба Скопје, во период од 07:30 до 19:00. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт,…

повеќе...

Правото на дијализа во странство на товар на фондот

Фондот за здравствено осигурување на Македонија им излезе во пресрет на осигурените лица со бубрежни заболувања и во својата правна регулатива го воведе правото на дијализа во странство на товар на фондот, беше истакнато на заедничка прес конференција на ФЗОМ и на здружението на граѓани на бубрежно болни НЕФРОН. Хроничната бубрежна инсуфициенција е заболување од посебен интерес за Република Македонија за кое е неопходно потребен континуиран хемодијализен третман. Осигурените лица кои привремено престојуваат во странство, на товар на Фондот еднаш во годината и тоа не подолго од 30 дена, можат да користат дијализа во странска здравствена…

повеќе...

Македонски доктори на специјализација во Нирнберг

Договорот за соработка претходно беше потпишан кога министерот за здравство, Никола Тодоров, беше во посета на Германија. Новитет во договорот е што млади медицински кадри од Македонија ќе одат на специјализација за повеќе области. Специјализацијата таму можат да ја поминат во целост, односно во времетраење од 5 до 6 години или само половина од периодот потребен за специјализација. Министерот Никола Тодоров посочи дека другата недела уште четири доктори ќе заминат во Нирнберг.  „Многу е важно што македонските доктори кои заминуваат таму работат рамо до рамо со познати специјалисти, со нивните…

повеќе...

Тодоров потпиша меморандум со болницата во која се лекува Папата

Меморандумот за разбирање со кој се овозможува соработката го потпишаа денеска во Скопје министерот за здравство Никола Тодоров и деканот на  Факултетот за медицина и хирургија при Католичкиот Универзитет „Свето срце“ Роко Доменико Алфонсо Белантоне. Според министерот Тодоров, Универзитетот „Свето срце“ е најголем приватен универзитет во Европа и најголем католички универзитет во светот. Со меморандумот се воспоставува соработка во повеќе специјалности од медицината меќу кои: интерна медицина, дигестивна ендоскопија, хирургија, педијатрија, гинекологија и акушерство, анестезиологија, неврохирургија, ортопедија, офталмологија, неврологија, радиологија, нуклеарна медицина, урологија и други. „Со ова се отвара голема…

повеќе...

Во наредните денови ЦЈЗ ќе спроведе дезинсекција против комарци

Во рамките на своите активности за превентивна здравствена заштита Центарот за јавно здравје Охрид ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци на подрачјето на општина Охрид. Дезинсекцијата ќе ја вршат стучни тимови од Епидемиолошката служба при ЦЈЗ Охрид со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пик-ап, со претходница од друго возило и тоа во деновите 15.06.2013 (сабота), 16.06.2013 (недела) и 17.06.2013 (понеделник). За дезинсекција ќе се користи препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRINE, а ќе биде опфатено охридското крајбрежје, градот и приградските…

повеќе...