Слаб земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Охрид

Синоќа во 2 часот и 56 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес, чиј епицентар е во Албанија, 64 километри северно од Тирана, а неговиот интензитет изнесуваше 4.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid

повеќе...

Повторно почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во 12 часот и 32 минути во Охрид повторно беше почувствуван земјотрес. Епицентарот повторно е во близина на двата потреси почувствувани пред два дена, овој пат на 12 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 1 километар со интензитет од 3,6 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

Повторно се тресе тлото во Охрид

Повторно се затресе тлото во Охрид. По почувствуваниот земјотрес во 17:18, кој беше со епицентар во Охрид, овој пат во 19 часот и 30 минути беше почувствуван нешто посилен земјотрес. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, епицентарот на овој земјотрес е речиси на исто место со претходниот, 7 километри североисточно од Охрид, во близина на Косел, со интензитет од 3,1 степен на длабочина од 2 километри. WebOhrid

повеќе...

Почувствуван земјотрес со епицентар во Охрид

Денес во 17 часот и 18 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според првичните податоци од Републичкиот сеизмолошки завод од Србија, епицентарот на овој земјотрес беше во централното подрачје од Охрид, на длабочина од 1 километар, додека пак неговиот интензитет изнесува 2,9 степени. Според податоците од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, епицентарот на овој земјотрес се наоѓа 7 километри североисточно од Охрид. WebOhrid

повеќе...

Слаб земјотрес со епицентар кај Ресен почувствуван и во Охрид

Денес во 11 часот и 15 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Епицентарот на земјотресот е 11 километри североисточно од Ресен, на длабочина од 2 километри со интензитет од 2,8 степени. WebOhrid

повеќе...

51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 51 година од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Одбележувањето ќе почне во 10 часот со положување цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во земјотресот. Традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје ќе се одржува од 10 до 18 часот во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на Град Скопје во ДХО „Даре Џамбаз“. Во Музејот на Град Скопје ќе се одржат повеќе…

повеќе...

Земјотрес со епицентар на македонско-грчката граница почувствуван и во Охрид

Денес во 13 часот и 18 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според српскиот сеизмолошки Завод, епицентарот на земјотресот е регистриран во Грција, поточно на самата македонско-грчка граница, 18 километри југозападно од Битола, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 4.1 степени. WebOhrid

повеќе...

Земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид

Денес во 12 часот и 42 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според црногорскиот Завод за сеизмологија, епицентарот на земјотресот е регистриран во Грција, 13 километри југозападно од Лерин, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 3.7 степени. WebOhrid

повеќе...

Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Денес во 15 часот и 50 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според сеизмолошката станица на Републичкиот сеизмолошки Завод на Србија, која се наоѓа во Белград, епицентарот на земјотресот е регистриран под Националниот парк Пелистер, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 3.1 степен според Рихтеровата скала. WebOhrid

повеќе...

Повторно почувствуван земјотрес во Охрид

По серијата земјотреси во Грција во текот на вчерашниот ден, денес повторно во 15:28 часот беше почувствуван слаб земјотрес во Охрид и југозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е во Грција, на околу 20 километри јужно од Кожани, со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала. На овој земјотрес му претходеше уште еден послаб земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала. WebOhrid

повеќе...