Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата, покрај претседателот Иванов, присуствуваа ученици од ОУ „Тихомир Милошевски“, ОУ „Браќа Миладиновци“, КЦ „Мали Креативци“, СУГЦ „Георги Димитров“ и од СУ „Јосип Броз Тито“.

повеќе...

5 години забрана за влез во Македонија и парична казна од 1000 евра за вандалите кои го оштетија знамето

Поради неовластено отстранување и оштетување на знамето на Република Македонија како државен симбол, СВР Охрид против лицата О.Ф.Ц. (24) државјанин на Австралија и Р.С.Л. (26) од Велика Британија, поднесе прекршочна пријава. Основниот суд во Охрид нив им изрече мерка протерување со забрана за влез во Република Македонија за време од 5 години и парична казна од по 1000 евра. Пријавените на 8-ми овој месец во 03 часот и 50 минути, го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено отстранување и кинење на знамето на Република Македонија. Тие, од јарболот кај…

повеќе...

Симнато и оштетено знамето од јарболот на Градскиот плоштад

Утрово, 08.04.2013 година, во 03:30 часот во Полициската Станица Охрид е пријавено дека на плоштадот „Свети Климент Охридски“, четири-пет непознати лица од јарбол го симнале и оштетиле државното знаме на Република Македонија. Излезено е на местото на настанот, каде се пронајдени пет холандски државјани, истите се повикани на разговор во Полициската Станица Охрид и во тек се мерки за расчистување на случајот. WebOhrid

повеќе...