Први јануари неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1-ви јануари 2015 година (четврток), Нова Година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.

повеќе...

Церемонија на свечено менување на државното знаме

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата присуствуваа ученици од ООУ „Андреј Савевски Кикиш” од Тетово, и волонтери од Црвен Крст на РМ, по повод деновите одбележувани во овој месец: 3-ти декември – Меѓународен ден на лица со посебни потреби, и 5-ти декември – Меѓународен ден на волонтерите. Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија. Церемонијата е со цел подигнување на чувството…

повеќе...

Предлогот за нов државен грб е резултат на опсежно истражување на хералдичарите

Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари. Истиот е направен како резултат на експерти за грбови кои доста истражувале за оваа тема. Република дојде до верзијата која ја нацртал уметник, а врз нејзина основа се направи викторизација (компјутерската варијанта). Новиот државен грб на Македонија ќе биде црвен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, како и мурална круна во облик на тврдина. Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.…

повеќе...

Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата присуствуваа претседателот Иванов, ученици од ООУ.„Александар Македонски”, како и членови на кошаркарскиот клуб „Јуниор” од Скопје. Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија. Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

повеќе...

Подигнато новото официјално знаме на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески , денеска точно напладне на свечен начин во присуство на вработените во локалната администрација го подигна новото, официјално знаме на општина Охрид, кое ги исполнува и е согласно препораките и забелешките кои што претходно беа дадени од комисијата која ја сочинуваа претставници од УНЕСКО со цел да се отстранат неправилности на досегашните грб и знаме на општина Охрид. Новото официјално знаме на општината во сино-бела боја има ѕидина која ја отсликува Самоиловата тврдина и бранови кои го симболизираат езерото. Според симболиката во знамето се инкорпорирани…

повеќе...

Денот на Републиката неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), утре, 2 август 2014 година (сабота), Ден на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

повеќе...

ФФМ со ново лого, знаме и слоган – Одржано редовно годишно собрание

Денес во Скопје се одржа редовно годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. На собранието се усвоија: – Извештајот на Независниот ревизор, – Завршната сметка за 2013 година, – Буџетот на ФФМ за оваа година. Се усвои и извештајот на УО на ФФМ како и предложените измени на дисциплискиот правилник и правилникот за судии и судење на ФФМ. Се направија статутарни измени – измена на чл. 3 од Статутот на ФФМ и од денеска ФФМ ќе има нов визуелен идентитет, ново лого, знаме и слоган.

повеќе...

Македонското знаме насликано на еден од ѕидовите во дворот на ОУ „Христо Узунов“

Македонското знаме, со димензии 5 метри на 2 метри, е насликано на еден од ѕидовите во дворот на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид. „Ова знаме е најголемо во Охрид. Знамето во дворот на училиштето е насликано со цел подигнување на националната свест кај најмладите“, – информира директорот на ОУ „Христо Узунов“ м-р Тони Симоновски.

повеќе...

Церемонијална размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. г. Аиво Орав,  денеска извршија традиционална церемонијална размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вила „Водно“. Церемонијалната размена на знамињата се одвива во рамки на планинарскиот марш, што се одржува во организација на Европското движење на Република Македонија и на Делегацијата на Европската унија во Скопје, како дел од активностите на одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа. На учесниците на…

повеќе...

Оровник доби јарбол висок 15 метри

Денес во село Оровник беше поставен јарбол висок 15 метри со знамето на Република Македонија. На присутните им се обрати Градоначалникот на општина Дебарца кој воедно им го честита големиот Христијански празник Велигден и напомена дека со овој симбол општина Дебарца се приклучи кон другите современи општини во Република Македонија и упати голема благодарност до донаторот Живко Стојчески кој работи и живее во Австралија.

повеќе...