Македонија падна на 92 место на ФИФА рејтинг листата

Поразите на Македонија од Шведска и Норвешка во пријателските натпревари резултираа со пад на рејтингот на нашата репрезентација од -14 места. Македонската репрезентација се најде дури на 92 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Хрватска со пад од -4 места е на 8-то место, Белгија со скок од +2 се најде на 10-то место, Србија со пад од -5 се најде на 41-то место, Велс со пад од -1 се најде на 46-то место, а Шкотска со скок од +24 на 50-то место.

Промени на врвот на ФИФА рејтинг има на третата позиција каде се најде Колумбија, на местото од Аргентина која падна на 4 место. Шпанија остана на првото место, додека пак Германија на второ.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Сенегал, со скок од +25 места се најде на 74-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Централна Африканска Република од -30 места и се најде на 89-то место.

WebOhrid