Македонија на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија ја започнува новата 2016 година на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија забележа пад од -2 места и моментално е на 138 место од вкупно 209 репрезентации.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Тајланд, со скок од +12 места се најде на 121 место, додека пак најголем пад од -45 места има репрезентацијата на Куба која се најде на 136 место.

WebOhrid