Македонија на 78 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија со скок од 2 места се искачи од 80-то место на 78-то место. Овој скок се должи на победата од 3:0 која ја забележавме на пријателскиот натпревар против Данска, кој се одигра на 6-ти февруари во Скопје.

Од нашата група А, во квалификациите за Светското првенство Бразил 2014, Хрватска со скок од +1 се најде на 9-то место, Белгија остана на 20-то место, Србија со скок од +1 се најде на 36-то место, Велс со +13 се најде на 68-то место, а Шкотска со +5 на 64-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мавританија, која со скок од +38 се најде на 168-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Екваторска Гвинеја од -34 и се најде на 107 место.

WebOhrid