Приведено лице поради полов напад врз малолетник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето А.А.(36)од Охрид, поднесе кривична пријава по што истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

Ноќта помеѓу 16-ти и 17-ти овој месец, пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник- негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од А.А. врз малолетното лице како начин да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди. 

Во намерата да го изврши половиот напад, притворениот А.А. бил спречен од неговиот брат кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот по што случајот е пријавен од родител на 10 годишното дете. 

СВР Охрид веднаш го приведе А.А. против кого и досега биле поднесувани пријави по повеќе основи за сторени казнени дела.