Сојузот за иднината испрати реакција до медиумите поврзана со денешната изненадна посета на актуелниот градоначалник Александар Петрески, во просториите на противничкиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.
„Сојузот за иднината изразува благодарност за гостопримството на политичкиот противник, сметајќи дека ќе победи подобриот, што во исто време значи и дека Сојузот за иднината очекува честитка за фер победата која ја очекуваме на листата од народот за народот на овие избори.
Политичката зрелост е нешто што се стекнува со искуство, но пред се, мора да се носи во себе“. – стои во реакцијата на Сојузот за иднината.