Во врска со денешната посета на Градскиот пазар на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, со соопштение излезе Сојузот за иднината, во кое стои:
„Кандидатот за градоначалник од ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и дел од советничката листа на истата партија повторно ја погрешија адресата и место да отидат да побараат дозвола и образложение од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и да го прашаат зошто сите проекти на актуелниот градоначалник се блокирани, тие избраа да собираат евтини политички поени со лажни ветувања на граѓаните на градскиот пазар.
Во меѓувреме, им предлагаме за случајно повторно да не ја погрешат адресата почитуваните господа од ДПМНЕ дека утре треба да одржат прес-конференција пред Mинистерството за финансии каде треба да прашаат дали четирите лава од проектот Скопје 2014, чинат колку изградба на една модерна автобуска станица, модерен градски пазар и целокупниот колекторски систем вo градот?
Од друга страна, доколку истите вистински сакаа да направат пазар и автобуска станица тогаш повеќе од сигурно е дека ќе одговореа на барањата на градоначалникот Петрески кој уште пред две години за време на гостувањето во една од локалните телевизии вети дека доколку му дозволат да го направи градскиот пазар и автобуската станица, нема да поднесе кандидатура за трет мандат. Тоа лесно се докажува со архивски снимки“. – стои во соопштението од Сојузот за иднината.