Сојузот за иднината на денешната прес-конференција ја презентираше на програмата за локален економски развој и особено оној дел кој што се однесува на изборната програма во доменот на туризмот, како две клучни подрачја во кои што најголема мерка ги засегаат сите граѓани на Општина Охрид.
„Во овој контекст би сакал да споменам дека презентацијата на изборната програма која што е содржана во оваа книга ќе ја започнам со тоа ние дека сме Сојуз всушност политичка партија која што е континуитет на власта осум години во Охрид, што значи дека и оваа изборна програма не може да биде некое ново забегување и ветување на некои нови работи кои што се надвор од она што е зацртано од досегашниот тек на развојот на Охрид“. – рече носителот на советничката листа, Јован Стојаноски.
Од Сојузот за иднината, како клучен проблем при изготвувањето на оваа нова програма, го лоцираше суштинското разидување и во однесувањето и во концепцијата помеѓу централната и локалната власт. Се додека не се постигне помирување помеѓу централна власт и она што се намерите на централната власт и она што се намерите на локалната власт, нема да може да се забележи некој особен економски развој кои што особено го очекуваат граѓаните на Општина Охрид.
„Премногу посветување на внимание, на ситни комунални проблеми, покрај тоа не го третирам големиот водостој на Охридското Езеро како ситен комунален проблем, меѓутоа треба еднаш веќе конечно да разговараме за стратешки работи. Општина Охрид и во досегашниот 8 годишен период на чело со градоначалникот Александар Петрески покажа дека ги поседува сите атрибути, така и планираме и во наредните 4 години. Принципот кој што е квалитативната промена во изборната програма е преземање на определени ингеренции на локалнта власт. Во таа насока изборната програма и оние два дела кои ги презентираме за локалниот економски развој и за туризмот се концепирани во правилниот тек кој што ги содржи секоја економска програма“. – додаде Стојаноски.
Тој упати порака и до останатите политички натпреварувачи во оваа изборна трка да не ветуваат премногу туку првенствено да ги анализираат оние капацитети со кои што располагаат. Суштинскиот проблем кој е содржан во нивната изборна програма е клучното прашање за кое што треба веќе конечно да се судрува со сите политички компоненти, а тоа е како да се остварат сите тие ветувања и зборови, бидејќи по 24 март некој ќе треба да седне и да им објасни на граѓаните како сето тоа ќе биде реализирано што е зацртано во изборната програма.
Стојаноски го истакна и фактот дека локалната самоуправа предводена од Сојузот за иднината, во оваа изборна програма предвидува голем број на вработувања на млади луѓе, здрави кадри кои ќе поминат три нивоа на селекции се додека не стигнат на работното место.