Македонија – Бугарија на 14-ти август во Скопје

“А“ репрезентацијата на Македонија против најдобрата селекција на Бугарија ќе одигра пријателски натпревар во Скопје на 14-ти август 2013 година. Контролниот натпревар против нашиот источен сосед ќе се игра на националната арена “Филип Втори“ во Скопје. Дуелот со Бугарија е на неполн месец пред квалификациските пресметки против Велс и Шкотска на 6-ти и 10-ти септември.

Македонската репрезентација против Бугарија има одиграно пет натпревари. Имаме скор од три порази, реми и победа. На натпреварот одигран во Струмица на 12.04.1995 година победивме со 1:0.

Најдобрата репрезентација на Македонија во јунскиот термин за контролни натпревари гостува во Норвешка.

извор: ФФМ