Министерот Ивановски во Мексико на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествува на Седмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, која се одржува во Мексико Сити.

На состанокот присуствуваат 50 претставници од повеќе земји во светот, меѓу кои од УНЕСКО, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Европската комисија,  од Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ).

Министерот Ивановски оствари значајни контакти и разговори со највлијателните луѓе во светот во доменот на информациско-телекомуникациските технологии, што ја потврдува заложбата на Република Македонија за градење и развивање на информатичкото општество во нашата земја, кое ги следи најсовремените светски стандарди.

Во април минатата година, во Охрид се одржа Петтиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со кој претседаваше нејзиниот претседател Карлос Слим. Средбата во Охрид беше прва од ваков вид надвор од седиштето на Обединетите нации во Женева, Париз и Њујорк.