ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот ум секогаш размислува дека се околу него е криминал

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешниот прес на Сојузот за иднината, односно на изјавата на актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески, испратија реакција до медиумите во која што се вели:

„Криминалниот ум секогаш размислува дека се околу него е криминал.

Петрески Александар човекот кој за 8 години не остави ниту едно дело во Охрид, пред заминувањето од функцијата Градоначалник, се обидува да ги критикува оние кои создале историски дел за Охрид. 

Петрески Александар зборува за некаков банкрот, а тој самиот е човекот кој го уништи Охрид, ги испразна 8 буџети на Општината во износ од  околу 70 милиони евра и го задолжи Охрид за дополнителни 30 милиони евра.

Петрески Александар зборува за наводни вработувања, а администрацијата во Општината нема земено плата. Петрески сам признава дека само 1/3 од луѓето отишле доброволно на митинг потврдувајќи дека останатите 2/3 со закани, терор  и малтретирање ги носат по митинзи. 

Ги охрабруваме чесните луѓе од општинската администрација и вработените во Јавните претпријатија да бидат храбри пред теророт на веќе поразениот Петрески и да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и новиот Градоначалник биле, се и ќе бидат на нивна страна.

Истовремено ги уверуваме граѓаните дека работењето на Петрески Александар и неговите раководители во Општината и Јавните претпријатија ќе биде предмет на вистинска ревизија и за секоја злоупотреба тие ќе ОДГОВАРААТ. Од тоа нема бегање. Злото за Охрид наречено Петрески, решени сме да го поразиме и казниме“. – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

WebOhrid