Сојуз за иднината: Од ваквиот однос на водење на кампања, би се срамел и покојниот Гебелс

„Манипулациите и безкрупулозното однесување од страна на политичкиот противник ВМРО – ДПМНЕ го достигнаа дното на пристојното политичко однесување и во кампањата почнаа да ги злоупотребуваат не само родителите, туку и нивните деца“. – рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОИШ на Сојузот за иднината Дејан Блажески.

Како што кажа Блажески, валканата и мизерна кампања која ја води политичкиот противник, преку своите медиумски пулени почнале да си поигруваат со достоинството и угледот на луѓето.

„Вчера жртва на еден од провладините  медиуми и на центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ не беше само повиканиот, туку и неговото семејство, пријатели и сограѓани. Бараме во знакот на меѓусебно почитување да се престане со поигрување со човечки судбини, зошто тие не треба да бидат дел од политичката кампања. Од ваквиот однос на водење на кампања, би се срамел и покојниот Гебелс. Денес господинот Бошко Сиљаноски првенствено ќе поднесе барање за  ивинување и јавно повлекување и постапка за утврдување одговорност и надоместување на штета“. – додаде Блажески.

Изминатата ноќ бил демолиран штаб на Сојузот за иднината, во населбата Воска. Случајот бил пријавен во охридската полиција, истражни органи биле на местото на настанот, направен  бил записник и како Сојуз за иднината бараат брзо расветлување на настанот.

WebOhrid