Белгија 1:0 Македонија

Белгија фуриозно го започна овој натпревар, делуваше надмоќно имаше неколку сериозни шанси, а и поништен гол од недозволена позиција во првото полувреме. Нашата репрезентација не делуваше баш организирано, иако и ние имавме свои шанси, сепак домаќинот беше подобар противник во првото полувреме кое заврши без голови.

Второто полувреме не се разликуваше многу, особено не за Македонија. Белгија играше повнимателно за разлика од нас и по грешката на нашата одбрана гол постигна Еден Хазард во 62 минута, доволен за победа на Белгија со 1:0.

По овој пораз Македонија е на 5-то место со 4 бодови во А групата. Врвот го делат Белгија и Хрватска со по 16 бодови, 3-то место е Србија со 7 бодови, Велс со 6 бодови е на четвртото место, додека пак зад нас на 6-то место е Шкотска со 2 бодови.

WebOhrid