ОУ „Христо Узунов“ со одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

Регионалниот натпревар по математика кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид од регионот Охрид и Дебрца се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Домаќин на натпреварот беше основното училиште „Ванчо Николески“ – Лескоец каде се прегледуваа задачите и се објавија првичните неофицијални резултати.

На натпреварот учествуваа претставници и екипи од IV – IX одделение од 9 училишта. Учениците од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид постигнаа одлични резултати:

Ученик Одделение Ментор Награда

 

Христина Митреска                IX Виолета Китеска I
Елена Андрееска                  VII Ирена Бачева                               II

 

Сања Јовеска                          VII Ирена Бачева  II
Филип Ѓорѓески                    VII Ирена Бачева  II
Горазд Блажески                                  VI Кристина Крстеска Николоски             I

 

Борче Исакоски                    VI Кристина Крстеска Николоски             I

 

Андреј Јанески                      VI Кристина Крстеска Николоски             III
Климент Јанкулоски            VI Кристина Крстеска Николоски             III
Дамјан Недески                    VI Кристина Крстеска Николоски             пофалница

 

Бојана Цветаноска    V Сава Костоска I
Филип Блажески V Сава Костоска III

„Честитки за учениците и нивните ментори, на учениците од VII и IX им посакуваме да ги повторат одличните резултати и на државниот натпревар.“ – велат од активот на математичари при
ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.