Во насока на подигнување на транспарентноста и отчетноста на Локалната самоуправа кон јавноста, како и потребата од подобрување на комуникацијата помеѓу Локалната самоуправа и МАС медиумите, градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари средба со уредниците на локалните медиуми.
„Како Локална самоуправа континуирано ќе работиме на подобрување на протокот на информации и олеснување на пристапот до нив. Пристапот до информациите е гарант за транспарентност, отвореност, ефикасност на општината и секако гарант за добра соработка со Вас медиумите“, – истакна градоначалникот Бакрачески.
На средбата беше истакната потребата од преземање мерки и активности за регулирање и унапредување на начинот и формата на протокот на информации и нивно непречено и навремено проследување до средствата за јавно информирање како и потребата од дефинирање на правата и обврските на општината и општинската администрација во остварувањето на јавност во работата.