Спајдермен леташе над Охрид

Денес на небото над Охрид имавме една необична, несекојдневна глетка. Имено, еден балон со хелиум, во форма на Спајдермен успеа да се ослободи, и од градскиот плоштад веднаш се издигна на небото над Охрид.

Летот на овој стрип-јунак веднаш успеа да го регистрира камерата на WebOhrid.