Општина Охрид има потенцијал да ги користи европските фондови

По повод  9-ти Мај, Денот на Европа, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со Амбасадорите на Кралството Холандија Н.Е. Мариет Шурман и Кралството Шведска Н.Е. Ларс Валунд.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби во Локалната самоуправа и заложбите на Еврпските земји за што поскорешен влез на Македонија во семејството држави членки на ЕУ. Во тој контекст беше најавено и интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу Охрид и земјите на ЕУ во секоја сфера на општественото живеење, политичка, економска, културна и социјална.

„Оваа Локална самоуправа ќе ги идентификува  стратешките приоритети на општината и  целосно ќе се ангажира во делот на аплицирање и остварувањето на голем број европски  проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка на граѓаните на општина Охрид,“ – истакна градоначалникот Бакрачески.

„На локално ниво Канцеларијата на Европската Унија може активно да учествува и да ја унапредува добросостојбата на граѓаните во речиси сите аспекти од секојдневниот живот,“ – рече Амбасадорката на Кралството Холандија Н.Е. Мериет Шурман.

Н.Е. Ларс Валунд, амбасадор на Кралството Шведска изрази задоволство од идејата за подлабока соработка во рамките на ЕУ и изрази надеж за зголемување на напорите на локалните власти за што поскоро искористување на ИПА фондовите кои ќе придонесат за побрз развој и афирмација на Охрид , зашто Охрид го заслужува пиететот на европски град.