Дворот на гимназијата во Охрид замириса на матурата која ќе се случи за неколку дена. Матурантите под раководство на професорката Соња Думбалоска ги увежбуваа и ги допрецизираа движењата и чекорите за кореографијата на Матурската Парада 2013, која ќе се случи во петок на градскиот плоштад во Охрид. Според сериозните подготовки и масовноста, несомнено во петок градскиот плоштад ќе биде преполн со младост и убавина.
WebOhrid/фото: Дим Дон