Утре, четврток, 23 мај, со почеток од 10:00 часот во Охрид на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе се одржи „Грасрут“ настан, кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, а главен покровител е Општина Охрид.
„Се е подготвено за „Грасрут“ настанот, кој за прв пат ќе се одржи во Охрид. На собирот очекуваме голема посетеност како што дечињата го прават на натпреварите од Детската фудбалска лига,“ – истакна координаторот за југозападниот регион, Наум Јанкуловски.
На главниот терен на „Билјанини Извори“ се очекува да продефилираат околу 130 дечиња, а за нив ќе следуваат многу изненадувања и дружење, а меѓу гостите ќе бидат селекторите од помладите категории.