Македонија на 78 место на ФИФА рејтинг листата

И покрај поразот од Шведска во пријателскиот натпревар, фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од +6 места според најновата ФИФА рејтинг листа и се најде на 78-то место.

Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Хрватска остана на 4-то место, Белгија со скок од +3 се најде на 12-то место, Србија со скок од +4 се најде на 36-то место, исто и Велс со скок од +4 се најде на 45-то место, а Шкотска со скок од +4 на 74-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд, со скок од +30 места се најде на 57-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Сенегал од -23 места и се најде на 99-то место.

WebOhrid