Музичкиот виртуоз на хармоника, Ришар Галиано на „Охридско Лето“

Во рамките на Фестивалот Охридско лето и годинава се одбележува „Француска вечер на Фестивалот“ со учество на врвни уметници и ансамбли од Франција. Изминатите години исклучителни концерти реализираа, Квартетот Ардео, Камерниот оркестар „Тулуз“ заедно со диригентот и солист Жозеф Андре и пијанистот Антонио Сорија, потоа пијано концертот насловен како Шопенова вечер со пијано уметникот Жером Гранжон.

Годинава, кога се одбележуваат 5 години успешна соработка помеѓу Фестивалот охридско лето, Францускиот институт Скопје, Амбасадата на Република Франција во Македонија и Охридска банка-Societe Generale Group во црквата Света Софија денес ќе се одржи концерт на музичкиот виртуозна хармоника и бандoнеон Ришар Галиано и Tangaria Quartet.

„Со посебна чест и огромно задоволство овој мал јубилеј, но многу значаен за Фестивалот годинава ќе  се одбележи со гостување на уметникот кој ќе даде посебен допринос не само на ова 53-то издание на Фестивалот туку воопшто во целокупната фестивалска историја. За прв пат на Фестивалот настап на големиот виртуоз  на хармоника и бандонеон Ришар Галиано, големиот пријател на Пијацола. Галиано е голем уметник кој успеа хармониката и бандонеонот да ги донесе од поп музиката во разнобојниот свет на класичниот оркестар. Концертот на кој ќе настапи заедно со Tangaria Quartet, е насловен како „Вечер на танго“, – изјави селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска.

РишарГалиано во текот на својата долга музичка кариера,  со карактеристичната јужно француска Јoie de Vivre разви еден оригинален музички јазик, спојувајќи ги „новиотмизет“, Тангонуево, силата на духовноста на Колтрејн и влијанието на постојано присутната француска традиција на медитерански шансони. Инспириран и восхитен од својот пријател Астор Пјацола, креаторот на Тангонуево, Галиано успеа не само да го направи ова, туку со својот стил на „новиотмизет“ давдахненов живот во целата француска традиција, која изгледаше како да има за станато на едно место. Неговата убедливост, мајсторството на фразирањето и способноста да извлече широк спектар натонскиб бои од хармониката придонесе за рушење на бариери и правење жанровски пресек со овој инструмент. Водено желба да го пренесе своето богато искуство, тој, заедно со татко му Лусјен, станува автор на метод на учење хармоника со која освои наградатана SACEM (Друштво на автори, композитори, уредници во музиката) за најдобро педагошко дело во 2009 година. Во 2010 година, Ришар Галиано потпишува ексклузивен договор за снимање со признатата издавачка куќа Deutsche Grammophon oд Universal.